Четири лица убиени во вооружен напад во Америка

Четири лица се убиени а две ранети во напад во Санта Ана во Калифорнија, кој го извршил маж вооружен со нож и пиштол.

Осомничениот за убиството и сите жртви се Латиноамериканци, а полицијата уапси 33-годишно лица, откако убило чувар во продавница.

„Вооружен со нож и пиштол ограбил стан, пекарница, бензинска станица. Потоа влегол и во продавница каде се предал на полицијата“, соопштуваат американските медиуми.