Руски обвинител одзеде дете од родители поради учество во протести

Московскиот правобранител за правата на децата Јевгениј Бунмович реагираше на одлуката на рускиот државен обвините за одземање на едногодишно дете од родителите поради тоа што го носеле на недозволен протест.

Обвинителите тврдат дека Олга и Дмитри Проказов го загрозиле детето водејќи го на протестот што се одржа на 27 јули и му го дале детето на човек, против кој е покренато обвинение дека ги организирал протестите.

Тужбата против родителите уследи откако митингот беше задушен од полицијата на кој се протестираше поради исклучувањето на опозициските кандидати од септемвриските избори за Градскиот совет на Москва. Полицијата уапси повеќе од 1.400 лица за време на протестот што се одржа на 22 јули и уште 1.001 човек за време на демонстрациите во саботата.

Омбудсманот за правата на децата Бунмович упати остри критики кон државниот обвинител и побара од него да го повлече обвинението.

Дмитри Проказов негира дека тој и сопругата учествувале во протестите и тврди дека само шетале низ центарот на Москва. Тој исто така наведе дека не направил ништо лошо кога му дозволил на пријател да го носи детето. Истражителите тврдат дека тој детето го искористил како штит за да се пробие низ полициските кордони.Проказов посочи и дека детето не било во близина на полициските кордони.