Куомо: Западниот регион во Њујорк од утре повторно се отвора


Регионот во западниот дел на Њујорк, во кој спаѓаат Нијагарините водопади, ќе стане шестиот регион во државата Њујорк, кој од утре повторно ќе почне да се отвора, изјави гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо на дневниот брифинг. Тој исто така рече дека ќе ги охрабри професионалните спортски тимови да играат без навивачи. Пет региони во централниот […]

Во Италија бројот на починати падна под 100


Бројот на починати од корона вирус во Италија денес изнесува 99, што е помалку во однос на вчерашната бројка од 145 починати лица. Ова е прв пат бројот на починати да падне под 100, пренесува „Ројтерс“. Што се однесува до бројот на новозаразени тој пораснал за 451, што е исто така помалку во однос на […]

Американска лабораторија се поблиску до вакцина


 Американската лабораторија „Модерна“ објави позитивни податоци за почетната фаза од клиничките испитувања на својата вакцина против корона вирусот на мал број доброволци. Изгледа вакцината  наречена mRNA-1273 предизвикала имунолошки одговор кај осум лица кои ја примиле, еднакво на одговорот кои го имаат лицата кои природно се заразиле од вирусот, се вели во соопштението од лабораторијата. Не […]

Макрон и Меркел предлагаат план за заздравување на економијата од 500 милијарди евра


Франција и Германија предлагаат европски план за заздравување на економијата да биде дотиран  со 500 милијарди евра, што ќе бидат наменети за буџетски расходи за земјите кои се најпогодени од новиот коронавируст. Тоа е главната порака од заедничката француско-германска иницијатива претставена на прес-конференцијата на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел, јави дописникот на МИА. […]

Вакцината против корона од Оксфорд не ги заштити мајмуните


  Вакцината која ја подготвуваат стручњаци од Универитетот во Оксфорд не го сопира вирусот кај мајмуните и можно е да е само делумно добра, пишува Телеграф. Тестирањето на мајмуни не го сопре ширењето на висрусот меѓу животните и отвори сомнеж за тоа дали ќе биде соодветна за човекот, па и дали има потреба од продолжување […]

Хенкок: Велика Британија сега е глобален шампион во тестирање


Велика Британија го зголеми капацитетот за дијагностичко тестирање во текот на изминатите шест недели со „неверојатна“ брзина и сега е „глобален шампион“, изјави денеска британскиот министер за здравство, Мет Хенкок. Тој ги охрабри сите кои имаат симптоми – постојана кашлица, треска или губење на мирис или вкус – да се пријават за тестирање. На тој […]

Ѓукановиќ: СПЦ сака да управува со Црна Гора  


– Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, оцени дека Српската православна црква (СПЦ) би сакала да управува со Црна Гора и да ги одредува нејзините насоки и карактер. „Дали Црна Гора е место во Европа или од другата страна“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција по повод две години од мандатот, што се одржува пред резиденцијата во […]

Фајон ја повика цела Србија да се вклучи во изборниот процес


Пратеничката на Европскиот парламент и шефицата на делегацијата на ЕП за соработка со официјален Белград, Тања Фајон, повторно ги повика сите политички сили и граѓаните на Србија да се вклучат во изборниот процес. На тој начин, како што изјави таа за Радио Слободна Европа, ќе се обезбеди најголема можна застапеност и промоција на разни идеји […]

Американскиот лек „ремдесивир“ против корона вирусот доби дозвола од ЕУ


Директорот на Европската агенција за лекови, Гвидо Раси, најави издавање на дозвола за употреба на „ремдесивир“ при третман на Ковид-19. Тоа е препарат на американската фармацевтска компанија „Гилеад“, кој според првичните истражувања го намалува времето на хоспитализација во случај на инфекција со новиот корона вирус за 31 процент во однос на плацебо. „Можно е во […]

Затворени седум училишта на север во Франција поради заразено дете со Ковид-19


Одлуката за затворање на седум училишта во Рубe на северот од Франција по случај на „Ковид-19“ е донесена како „мерка на претпазливост“, од страна на општината, која се надева дека повторно ќе ги отвори училиштата уште на 25 мај. Седум училишта во Рубе шест државни и едно приватно, се затворени од денеска „како мерка на претпазливост“ […]

Во Виена е затворено основно училиште поради сомневање за Ковид-19


Основните училишта во Австрија започнаа со работа, по двомесечната пауза поради пандемијата на новиот корона вирус, но во Виена поради сомневање за појава на инфекција, затворено е едно училиште. Директорката на училиштето од 18-та област во Виена, вратилa дома 200 ученици, бидејќи постои сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19. Наставникот пријавил боледување во саботата. […]

ОБСЕ: Со мерките поради пандемијата може да се зголеми корупцијата


 Финансирањето за итни случаи, насочено да помогне за опоравување од економскиот пад предизвикано од пандемијата, веројатно ќе ја поттикне корупцијата низ цела Европа, предупредува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Во нивна изјава се нагласува дека криминалците се многу прилагодливи во кризни ситуации и ќе најдат начини да применуваат измами за помош. Државите […]

Повеќе од 100 земји го поддржаа барањето на Австралија за истрага на потеклото на Ковид-19


Повеќе од 100 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19, изјави денеска австралиската министерка за внатрешни работи, Мариса Пејн. Таа истакна дека цел на истрагата е меѓународната заедница со соработка подобро да се подготви за борба против следната пандемија. Австралискиот премиер, Скот Морисон наведе дека иницијативата на […]

Мас оптимистичен дека ќе има летен одмор во странство


Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас е оптимист дека летните одмори во странство ќе бидат можни оваа година. Мас денеска ќе разговара со своите колеги од Шпанија, Австрија, Италија, Грција, Хрватска, Португалија, Малта, Словенија, Кипар и Бугарија преку видео конференција за олабавување на патните ограничувања. Целта на средбата е координирана акција за отворање […]

Најголем дневен пораст на заразени во Индија


  Во изминатите 24 часа во Индија потврдени се 5.242 нови случаи на Ковид-19, што е најголем дневен раст на бројот заразени во таа земја. Вкупниот број потврдени случаи во индија сега е 96.169, вклучувајќи ги и 3.029 смртни случаи, соопшти индиското министерство за здравство, пренесе Си-ен-ен. Во индиската држава Махараштра има најмногу случаи – […]

„Њујорк тајмс“: Украдени милиони долари од бенифиции за невработени во САД


Весникот Њујорк Тајмс објави дека измамници го искористиле зголемениот обем на работа на американските службеници за време на пандемијата и притоа украле стотици милиони долари. Американските власти веруваат дека организирана мрежа измамници украла стотици милиони долари со фалсификување на побарувањата за бенефиции за невработеност во Вашингтон и шест други држави. Весникот се повикува на тајната […]

Јапонија влезе во рецесија


Јапонската економија влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година, бидејќи пандемија со Ковид-19 прекина производство, извоз и потрошувачка, како и стравувања дека може да има уште потешки времиња. Јапонската Влада денеска објави дека бруто домашниот производ паднал во реални услови во периодот јануари-март за 3,4 проценти на годишно ниво, според сезонски прилагодените податоци. […]

Светска банка: Пад од 20 отсто на дознаките од странство поради пандемијата


Пандемијата на новиот коронавирус доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите што им ги испраќаат. Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот ќе падне за 20 проценти оваа година. Се проценува дека најсиромашните луѓе […]

Помпео и се заканува на Кина околу статусот на Хонг Конг


Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека му привлекло внимание како кинеската Влада се заканила дека ќе се меша во работата на американските новинари во Хонг Конг, објави Стејт департментот. „Тие новинари се членови на слободни медиуми, а не пропагандни кадри, а нивното вредно известување ги информира кинеските граѓани и светот“, нагласи Помпео во […]

Грција ги отвори шопинг моловите, идната недела и рестораните


– Со враќање во училишните клупи на сите средношколци, со отворање на археолошките локалитети, меѓу кои и Акропол, со отворање на зоолошките градини, дозволено патување во континентална Грција и на Крит, но и со отворање на моловите и трговските центри, една недела порано од планираното, од денеска во Грција започнува третата фаза на олабавувањето на […]