Семејството на Флојд бара помош од ОН


Семејството на Џорџ Флојд побара Обединети нации да интервенираат во случајот на неговото убиство и да испратат препорака за реформирање на полицијата во САД.

Семејството и нивниот адвокат Бен Крамп испратија писмо до ОН во кое бараат Светската организација да спроведе истрага за смртта на Флојд и американската Влада да подигне федерални обвиненија против полицајците вклучени во неговото убиство.

Исто така семејството Флојд бара независни тужбени постапки и аутопсија за секое полициско убиство.

– САД веќе долго време имаат образец и пракса на лишување на правата на живот на црнците… Кога на група луѓе од која било нација со децении систематски им се одземаат универзалните човекови права на живот, тогаш морате да се обратите до меѓународната заедница за поддршка и до ОН за нивна интервенција, истакна адвокатот Крамп.

И меѓународните правни стратези Јотака Еди и Џасмин Ранд истакнаа дека „неуспехот во решавање на полициското насилство е „вооружен расизам против Афроамериканците“.

– Коментарите на претседателот Трамп од 1 јуни 2020 година во кои ја истакна заштитата на правата на граѓаните да носат оружје е над правата на Афроамериканците на живот ја зголемува итноста на жалбата до ОН, бидејќи веруваме дека неговите коментари ќе поттикнат насилно однесување и насилство над Афроамериканците, истакнаа Еди и Ранд.