Италија епидемиолошки стабилна, под посебен надзор само Ломбардија и Рим


Италија – Епидемиолошките податоци низ цела Италија се стабилни, но во Ломбардија со над 70 проценти од вкупниот број нови случаи заразени со Ковид-19 и Рим со нови жаришта се под посебен надзор. Според најновите дневни податоци за бројот на нови случаи, во Ломбардија, најтешко погодениот регион на Италија, се регистрирани 244 нови случаи, што е 72 […]

Се очекува многу ниско учество на изборите во Франција


 Само 38 отсто од Французите  планираат да излезат на гласање на 28 јуни во вториот круг од општинските избори, излезност што е пониска од првиот круг, јави дописникот на МИА. Излезноста во првиот круг од општинските избори на 15 март, особено во општините каде беше потребен и втор круг, изнесуваше само 41,8 отсто, додека на […]

Американец осуден во Русија на 16 години затвор за шпионажа


Руски суд денеска го осуди Американецот Пол Вилан на 16 години затвор за шпионажа.Судијата рече дека 50-годишниот поранешен маринец ќе ја издржува казната во максимално безбеден затвор. Вилан, кој беше присутен во судот, веднаш рече дека ќе ја обжали пресудата и дека станува збор за лажен судски процес. Тој уште од почеток вели дека е […]

Фаучи: Вистинската нормалност нема да се врати оваа година


Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи изјави дека коронавирусот може да се појави во неколку циклуси и оти враќање на целосна нормалност во секојдневниот живот веројатно не може да се очекува оваа година. – Се надевам дека одреден степен на вистинска нормалност ќе биде воспоставен во следната година, или така некако, но не […]

Во Њу Делхи речиси секој трет тестиран е позитивен на корона вирусот


Речиси секој трет граѓанин на главниот град на Индија, Њу Делхи, кој беше тестиран оваа недела, е позитивен на корона вирусот, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на локалните медиуми. Наведено е дека просечната стапка на позитивност е 30,5 проценти во однос на бројот на тестирани. За споредба, таа стапка во цела Индија е околу седум проценти, […]

Макрон прогласи „прва победа“ против епидемијата со коронавирусот


Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до нацијата ја прогласи првата победа против епидемијата со Ковид-19, три месеци откако и прогласи „војна“, јави дописникот на МИА. -Војната против епидемијата не е готова, но сум среќен поради оваа прва освоена битка против вирусот, рече Макрон. Вчера беа регистрирани само девет смртни случаи и бројот на лицата […]

Најголемиот дел од земјите на ЕУ ги отворија внатрешните граници на Шенген зоната


Повеќето земји-членки на ЕУ денеска ги отворија границите за патување низ Шенген зоната. И Германија и Франција ги отворија своите граници, додека помал број земји, меѓу кои Шпанија и Португалија, се очекува тоа да го сторат до крајот на месецот. Од 1 јули треба да следи „втората фаза“ од отворањето на ЕУ, што се однесува на […]

Туристите се враќаат во Италија – возбуда како прв ден на училиште


По четиримесечната вонредна состојба поради епидемијата, голем број туристи се вратија во Италија, поточно во Венеција, по повод повторното отворање на Палацо Дукале, што се случи во саботата. На настанот присуствуваа околу стотина посетители, домашни и странски, стоејќи во линија пред пултовите на палатата Доџо на 300 квадратни метри на Плоштадот „Свети Марко“. Илјада билети […]

Путин ќе развива хиперсоничко оружје


 Русија наскоро ќе може да му се спротивстави на хиперсоничкото оружје воведено од други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека неговата земја е пред САД кога станува збор за развојот на нови видови оружја, пренесуваат британските медиуми. По колапсот на некои договори за контрола на вооружувањето од ерата на Студената војна, и […]

Полиција упадна во црквата Христово Воскресение во Подгорица


Припадници на црногорската полиција упаднаа синоќа во Соборниот храм Христово Воскресение во Подгорица, во обид да го приведат архијерејот Мирчета Шљиванчанин, но биле спречени од верниците, објави порталот ИН4С. – Очекуваме полицијата повторно да се врати штом народот замине, изјави подгоричкиот парох Предраг Шќепановиќ. Ниту еден друг црногорски медиум не ја објави оваа информација. Според […]

Едно лице загина, девет се повредени во земјотресот во Турција


Едно лице загина, а девет се повредени во силниот земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтерова скала, кој вчера ја погоди турската провинција Бингол, соопштија властите во Анкара. Во земјотресот се оштетни неколку десетици куќи и згради, истакна Директоратот за природни катастрофи и вонредна состојба. Двајца припадника на безбедносните сили се повредени при уривање […]

Масовно тестирање поради ново жариште на Ковид-19 во Пекинг


Сите вработени и оние кои неодамна го посетиле пазарот Ксинфади, кој е ново жариште на Ковид-19 во Пекинг, ќе мораат да бидат тестирани, соопштија кинеските здравствени власти. Со појавата на новото жариште на инфекција во градот, поради што се стравува од втор бран на епидемијата во Кина, градската управа соопшти дека планира да тестира околу […]

Повеќе од 1,5 милион лица во Латинска Америка заболени од Ковид-19


Бразил – Повеќе од 1,5 милион лица во Латинска Америка се заразени со коронавирус, од кои повеќето од половината се во Бразил, пренесуваат светските агенции. Во најголемата земја на Латинска Америка потврдени се нови 17.110 случаи на Ковид-19,  со што вкупниот број на заразени лица во оваа земја сега изнесува  867.624, соопшти бразилското Министерство за […]

Поради коронавирусот Германија одбила 196.000 влегувања во земјата


Берлин– Под сомнение за присуство на коронавирус германската полиција на граничните премини одбила да им дозволи влез во земјата на 196.000 лица, објави вчера „Билд ам Сонтаг“, пред денешното укинување на здравствените контроли на патниците на границата. Бројот на одбиени влегувања се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер […]

Абе: Високите температури не спречуваат ширење на коронавирусот


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека високите температури во текот на летото веројатно нема да го спречат пренесувањето на новиот коронавирус, имајќи предвид дека бројот на заразени е голем дури и на Блискиот Исток. – Не можеме да бидеме релаксирани само затоа што доаѓа лето, бидејќи инфекцијата се шири и на Блискиот Исток каде […]

Макрон: Франција нема да урива статуи


Франција нема да урива статуи ниту пак да ја преработи својата историја како одговор на притисоците на активистите за борба против расизмот, рече во неделата претседателот Емануел Макрон. „Републиката нема да избрише никакви траги или имиња од својата историја. Нема да заборави ниту едно од нејзините дела. Таа нема да уништи ниту една нејзина статуа. […]

Дачиќ го нападна Вучиќ


Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, во екот на предизборните дебати, остро го нападна шефот на државата и лидер на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ. Дачиќ гостувајќи на ТВ Прва ја обвини новинарката Марија Савиќ Стамениќ, позната по нејзината блискост со Вучиќ, дека некој друг и ги составувал прашањата, како и […]

Не се повеќе заштитени – од корона се повеќе заболуваат и жените


Во Италија за три месеци од епидемијата со корона вирусот, од вкупниот број позитивни случаи, процентот на заболени жени порасна за 15 отсто на околу 54 отсто во јуни, покажуваат податоците на Високиот институт за јавно здравје. Сепак, во италија стапката на смртност кај жените е многу помала отколку кај мажите, но расте бројот заразени […]

Шпанија ги отвора границите за земјите-членки на шенген зоната


Шпанија ќе ги отвори границите за земјите-членки на шенген зоната на 21 јуни, што беа затворени поради пандемијата со Ковид-19. Додека границата со Португалија ќе биде отворено, како што претходно беше најавено, ќе биде отворена на 1 јули. Претходно шпанската Влада објави дека ќе дозволи влез во земјата од 1 јули без обврзна самоизолација. Додека […]

Полицијата во Атланта застрела Афроамериканец в грб


Полицијата во Атланта уби невооружен Афроамериканец, кој е застрелан в грб, покажуваат видео снимките од надзорните камери. На снимката се гледа како Рајшард Брукс бега од полицијата, а потоа се врти со подигнати раце веројатно вперувајќи кон полицајците електрошок-пиштол. Во моментот кога полицаецот го застрелал, Брукс му бил свртен со грб. Полицаецот кој го уби […]