Руската црква го расчини свештеникот што го негираше постоењето на корона вирусот


 

Руската православна црква го расчини монахот кој го порекнува постоењето на корона вирусот и кој пркосење на мерките на Кремљ и презеде контрола над манастир.

Црковниот собор во Екатирининбург пресуди да се расчини отец Сергеј, кој привлече внимание во светот повикувајќи ги верниците да не го почитуваат црковното раководство и да пркосат на затворањето на црквите за време на пандемијата, пренесе АП.

Во видеото кое го објави еден од неговите следбеници, тој ги повикува своите следбеници да дојдат да го бранат женскиот манастир Среднеуралск, каде се наоѓа од минатиот месец.

Црквата му забрани на монахот служба во мај, но тој продолжи да проповеда и минатиот месец ја презеде власта над манастирот надвор од Екатирининбург кој го основа пред многу години.

Отец Сергеј, инаку, ја прогласи пандемијата од корона вирус за непостоечка и рече дека вакцините против Ковид-19 се глобален заговор за контрола на масата со помош на чипови.