Место да се смеете на шведскиот модел, подобро да научевте нешто од него


 

– Место да се смеете на нашиот модел за борба против Ковид-19, подобро научете нешто од нашето искуство – вели шведскиот епидемиолог Андре Тенгел, пишува Политико.

Тој во отворено писмо вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги воведоа сите европски земји може да функционираат дамо во краток период, а на долги патеки шведскиот моде е подобар.

Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само даде упатства како да се однесуваат граѓаните, што за последица имаше повеќе заразени и вѓповеќе жртви отколку во земјите кои воведоа карантин.

Во писмото се објаснува дека „швескиот модел„ не е исто со она што го применија САД и Бразил, или „шири и дозволи да се умре“, ниту е метод „каде секој се грижи за себеси“, туку „сите за секого“.

„Шведскиот модел за одбрана од корона вирусот има историски корени и се базира на идејата дека секој треба да учествува во одбраната (не само кај зарази, туку и во други ситуации) и дека секој треба да има придонес.

Долгорочно ќе се покаже дека „шведскиот модел“ е подобар, затоа што стриктните мерки, црвени зони и карантионот може да се применат само краткотрајно, тврди он.

„Да се спротивставиме на кризи кои траат подолго или се враќаат во бранови, можно е само со одговорно учество и однесување на сите граѓани“, пишува во писмото од Стокхолм кое го објави онлајн магазинот Политико.