Во Бразил повеќе од 35.000 новозаразени


Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на Ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот на пандемијата се заразиле 1.839.850 луѓе, соопшти министерството за здравство. Досега починале 71.469 луѓе. Мишел Болсонаро, сопругата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој е заразен со коронавирус, рекла дека таа и нејзините две ќерки направиле […]

Втор круг претседателски избори во Полска


Речиси 30 милиони Полјаци денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори и избираат меѓу опозицискиот кандидат, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски и актуелниот претседател Анджеј Дуда. Поради епидемијата на коронавирусот, изборите се одвиваат со засилени санитарни мерки, комбинирани на над 27.000 избирачки места, но секој што е во карантин или едноставно се плаши да […]

Трамп првпат во јавност со заштитна маска


Американскиот претседател Доналд Трамп посети воена болница во предградието на Вашингтон и за првпат во јавност носеше заштитна маска поради пандемијата на коронавирусот. – Кога сте во болница … мислам дека се очекува да носите маска, изјави тој при излегувањето од Белата куќа. Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД, во која до сега […]

Претседателство со ЕУ – товар на грбот на Ангела Меркел


Ангела Меркел повеќе пати за време на нејзиниот мандат како канцеларка беше обвинета дека не е „Европејка со чисто срце“, дека и недостасува страст. Сепак, во нејзиниот прв говор пред Европскиот парламент откако Германија го презеде претседателството со ЕУ од Хрватска, таа се обиде да биде малку поемотивна. По корона-кризата Европа се соочува со најголемиот […]

Шпанија: Турист починал по пад од балкон и убил едно лице


Шпанија – Еден турист во Шпанија починал откако паднал од балкон на хотелот, и го убил човекот врз кого паднал, јави Скај њуз. Првата жртва е 50-годишен турист од Англија, кој паднал од балконот на неговата хотелска соба на седмиот кат. Другата жртва е 43-годишен Шпанец. Несреќата се случила во градот Марбеља во регионот Коста дел […]

Отишол на корона забава да докаже дека е измама – се заразил и умрел


Млад поборник на теории на заговор умрел од корона вирус откако се обидел да се зарази на корона забава за да докаже дека вирусот е измама. Неидентификуван пациент кој имал околу 30 години од Сан Антонио, Тексас, на медицинската сестра ѝ раскажал дека жали за сѐ откако поради тоа што бил позитивен на корона вирус […]

Победата на Тржасковски во Полска ќе биде голем удар за европските популисти


В недела во Полска се одржува вториот круг од претседателските избори по кои ќе се знае дали националистичката партија Право и правда ќе ја зацементира моќта во земјата за подолго врме. Либералната Полска се надева во победа на градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски   ШЧЕЧИН, Полска – Можноста дека градоначалникот на Варшава може да го […]

Во Бугарија уште 292 нови случаи на коронавирус


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 292 нови случаи на коронавирус од 4.540 тестирани, а пет лица починаа. Според Центарот за информации за коронавирусот, оздравеле 79 пациенти. Во болниците низ земјата има 516 пациенти, од кои 32 се на интензивна нега. Од почетокот на пандемијата, во Бугарија се заразени 6.964 луѓе, а во […]

Српската опозиција бара информации за сите уапсени на протестите


Опозицијата обединета во Сојуз за Србија (СзС) инсистира на итно исполнување на барањата кои ќе обезбедат заштита на здравјето и достоинството на граѓаните, меѓу кои е итно ослободување на неоправдано уапсените граѓани за време на протестите, соопшти денеска Сојузот. СзС побара информации за сите уапсени за да можат да добијат соодветна правна заштита, како и […]

Меркел истакна дека за пандемијата треба глобален одговор, го потенцира членството во СЗО


Германија – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска истакна дека пандемијата на коронавирусот може да се победи само преку глобална соработка и укажа на учеството на нејзината земја во меѓународни тела, како што е Светската здравствена организација (СЗО). – Имаме шанса да ги победиме сегашните и идните пандемии само ако најдеме глобални одговори на глобалните закани, рече […]

Повеќе од 12 милиони луѓе заразени со коронавирус во светот


Швајцарија – Со повеќе од 219 илјади случаи за само еден ден, вкупниот број на заразени со коронавирусот во светот надмина 12 милиони и 300 илјади луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Бројот на починати надмина половина милион и достигна 556 илјади. Според последните податоци на СЗО, за еден ден се регистрирани 219.983 нови случаи на заразени, […]

Турските медиуми го поздравија претворањето на Света Софија во џамија


Додека меѓународната заедница изрази загриженост во врска со судската наредба во петокот од страна на Државниот совет на Турција, со кој се поништува музејскиот статус на истанбулската Света Софија, турските медиуми го поздравија претворањето на византиската катедрала во џамија. Насловот на првата страница главниот провладин весник „Сабах“, во саботата, гласи: „Заврши копнежот по Света Софија“ […]

Харвард и МИТ го тужат Трамп


САД – Универзитетот Харвард во Бостон и Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) поднеле тужба за да ја оспорат одлуката на администрацијата на Трамп со која на странските студенти им се забранува престој во САД доколку се одлучиле од есен да следат настава онлајн, објави американскиот весник Тајмс Дејли. Тужбата е поднесена до федералниот суд […]

Американските маринци на Окинава масовно се разболуваат, армијата молчи


Јапонија – Официјални претставници на јапонскиот остров Окинава денеска изразија страв дека на американските маринци кои се стационирани таму им заканува масовна зараза со коронавирусот бидејќи во последните неколку дена се регистрирани десетици нови случаи. Претставниците на префектурата Окинава рекоа дека можат да кажат само дека „се потврдени неколку десетици“ нови случаи затоа што припадниците на […]

Пет жртви во заложничка криза во Јужноафриканската Република


Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се заробени во заложничка криза во пентекостална евангелистичка црква во Јоханесбург, соопшти денеска локалната полиција. Полицијата соопшти дека во раните утрински часови добила пријава за ситуација со заложници во црква во близина на Јоханесбург и пукање. Досега се уапсени 30 лица и одземени се 25 парчиња огнено оружје, […]

Бил Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат


САД – Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не на „оние кои ќе платат повеќе“. При тоа тој истакна дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија. – Ако едноставно дозволиме лековите и вакцината да одат […]

Нови 800 случаи на корона вирус во Украина, починаа 27 лица


Во Украина се потврдени уште 800 случаи на корона вирус, со што вкупниот број на заразени достигна 52.843, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. Министерот за здравство Мексим Степанов на брифинг информира дека корона вирусот е потврден кај 53 деца и 48 медицински работници. Во последното деноноќие починале уште 27 пациенти, со што вкупниот […]

Во Индија над 800.000 луѓе инфицирани со Ковид-19


Бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус во Индија се искачи над 800.000 откако во изминатите 24 часа забележан е рекорден дневен пораст од 27.114 новозаболени лица. Во изминатото деноноќие починале 519 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од последици од Ковид-19 изнесува 22.123. Во Индија досега со Ковид-19 се инфицирани 820.916 луѓе, […]

Бразил: Повеќе од 70.000 починати од Ковид – 19


  Бројот на починати од последиците од Ковид-19 во бразил надмина 70.000. Бразилското Министерство соопшти дека регистрирани се 1.214 смртни случаи во последните 24 часа, со што вкупниот број се искачи на 70.398. Во Бразил забележани се нови 45.048 заболени од корона вирус, пренесе Ројтерс. Вкупно заразени во оваа јужноамериканска земја има 1.800.827 лица.

Трамп го помилува својот долгогодишен пријател


Доналд Трамп ја поништи казната на Роџер Стоун, долгогодишен пријател и поранешен советник за кампања, кој требаше да помине три години и четири месеци во затвор за злосторства поврзани со истрагата за Русија. Во изјавата објавена во петокот вечерта, Белата куќа го осуди гонењето на Стоун за обвиненија кои произлегуваат од истрагата за вмешаноста на […]