СЗО: Раст на бројот на заразени со Ковид-19 во светот


Швајцарија–  Во изминатите 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што вкупниот број денеска е 20,16 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, 4.835 само во последните 24 часа. Најголем број потврдени случаи се уште во Северна и Јужна Америка, […]

Берлускони има своја Леди Гага, претходната ја исплати со 20 милиони евра


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се чини дека потврди дека е во нова врска со многу помлада жена, набргу откако се согласи на мултимилионската спогодба со неговата многу помлада поранешна девојка. Марта Фашина (30) беше фотографирана како се држи со рака со г. Берлускони (83) во неговата луксузна Вила Сертоса во Сардинија, бидејќи тие […]

Галиција забрани пушење на улици и јавните места


Шпанија – Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-тераси за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија. Мерката стапува на сила денеска и се однесува на местата каде нема меѓусебно растојание од најмалку два метра меѓу луѓето, […]

Аргентина и Мексико во трката за вакцина против Ковид-19


Аргентина–  Аргентина и Мексико ќе произведуваат и дистрибуираат во Јужна Америка, освен во Бразил, идна вакцина против коронавирусот на лабораторијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорф, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандес. – Лабораторијата на  АстраЗенека има потпишано договор со Фондацијата Слим за производство на меѓу 150 и 250 милиони вакцини со цела Јужна Америка, освен Бразил, и ќе […]

Германски медиуми: Најмногу заразени доаѓаат од Западен Балкан


Германија–  На станиците за тестирање на германските автопати, најголем процент од заразените со Ковид-19 е пронајден на просторот за одмор на автопатот А3, кој главно носи патници од Западен Балкан во Германија. Според  германски медиуми, позитивни се околу 2,4 проценти од тестовите во Центарот за тестирање на автопатот  А3 Донаутал-Ост. Од отворањето на Центарот за […]

Прво јавно појавување на Бајден и Камала Харис


САД – Камала Харис, која ќе биде кандидат за демократите за потпретседател на САД во претседателската трка на Џо Бајден, се појави во јавноста со него за првпат, ден откако таа беше прогласена за кандидат. Харис и Бајден заедно учествуваат во предизборниот митинг во Вилмингтон во неговата родна држава Делавер. Настанот беше затворен за јавноста поради […]

Бројот на депортирани од Германија зголемен за 2019 година


Германија– Германските власти издадоа 11.081 наредби за депортација во 2019 година, што е нагло зголемување во споредба со 2018 година, кога беа издадени 7.408 такви наредби. Ова го соопшти владиниот претставник како одговор на пратеничко прашање, јави ДПА. Налозите за депортација најчесто се издавале за Украинци – 1.252, а потоа следат Албанци – 1.220 и […]

Штетата од експлозијата во Бејрут е над 15 милијарди долари


Либан –   Штетата предизвикана од катастрофалната експлозија на пристаништето во Бејрут е над 15 милијарди долари. Тоа го соопшти либанскиот претседател Мишел Аун. – Прелиминарните проценки за материјалната штета по експлозијата во пристаништето се над 15 милијарди американски долари, изјави претседателот вчера во телефонскиот разговор со шпанскиот крал Фелипе Шести. Либанските обвинители ќе почнат со сослушување […]

Трамп сака да го смени секретарот за одбрана Еспер


САД –  Американскиот претседател Доналд Трамп во приватни разговори со свои советници разговарал за можноста за отстранување на Марк Еспер од функцијата секретар за одбрана по изборите во ноември. Причината за тоа се многуте разлики меѓу нив двајца, наведуваат американски медиуми, повикувајќи се на информиран извор. Трамп беше загрижен дека Еспер е против распоредување војници за […]

Во САД над 165 илјади смртни случаи од Ковид-19


САД– Во САД Се регистрирани најмалку 5.171.343 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус, а најмалку 165.328 лица починале како резултат на таа инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс. Вкупниот број заразени и смртни случаи вклучува од сите 50 сојузни држави, округот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на враќање во […]

Две компании објавија дека имаат делотворен лек за тешко болните од Ковид-19


  Компаниите „Relief Therapeutics“ и „NeuroRx“ објавија дека нивниот лек RLF-100 (авиптадил) покажува позитивни резултати кај пациенти заболени од корона вирус, со тешка клиничка слика. Директорот на компанијата „Relief Therapeutics“ рече дека е оптимистичен кога е во прашање лекој за пациенти со корона вирус. Во прашање е RLF-100, односно авиптадил, а се надеваат дека во […]

Во Белорусија уапсени најмалку 6.000 лица, ЕУ подготвува санкции


Опозициските лидери се или уапсени и принудени да ја напуштат земјата со разни закани. Во Брест полицијата пукала со жива муниција   Властите во Белорусија соопштија дека уапсиле повеќе од 6.000 луѓе за време на три ноќи насилно задушени демонстрации против наместеното гласање на претседателските избори во неделата. Опозициските лидери се затворени и истерани од […]

Најмалку 800 луѓе умреа поради дезинформации за корона вирусот


  Најмлаку 800 луѓе починале ширум светот поради дезинформации поврзани со корона вирусот во првите три месеци од годинава, тврдат научници. Според студија објавена во американски магазин за торпска медицина и хигиена, околу 5.800 луше се примени во болница како резултат на лажни информации на социјалните мрежи. Би-би-си пренесува дека многумина умрени пиеле метанол или […]

САД: Камала Харис- храбар избор


По долго натегање конечно падна одлука: Камала Харис е кандидатка на Демократската партија за потпретседателка на САД. Со изборот на Харис, Џо Бајден донесе ризична, но историска одлука, смета Карла Блајкер   За потпретседателскиот кандидат на Демократската партија во САД  изминатите недели се дискутираше толку бурно , каков што беше  случајот и со самите кандидати […]

Помпео: Русија се обидува да го растури сојузништвото на САД со Европа


Американскиот државен секретар Мајк Помпео, на денешната средба со чешкиот премиер Андреј Бабиш во Прага, предупреди дека Русија се обидува да ја поткопа соработката на САД со посткомунистичките земји-членки на Европска Унија и да го растури западното сојузништво, но оти нема да успее. Тој наведе дека избирањето на руски или кинески партнери за стратешки проекти, […]

Во Франција се зголемува бројот на новозаболени лица со Ковид-19 и на пациенти на интензивна нега


Бројките од Институтот за јавно здравство на Франција укажуваат на зголемување на пациентите примени на интензивна нега поради новиот коронавирус, како и зголемување на стапката на тестирани лица со позитивни резултати, јави дописникот на МИА. Ппоради тоа францускиот премиер Жан Кастекс упати директна порака до своите сонародници: – Го кажувам ова со најголема сериозност, ако […]

Во Србија нови 254 заразени, починале уште шест лица


Во последните 24 часа во Србија официјално починаа уште шест лица како резултат на корона вирусот, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 658, соопшти Министерството за здравство. Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 8.768 лица за корона вирус, а регистрирани се 254 нови случаи. На респираторите има 87 пациенти. […]

Корона вирус пронајден на ракчиња од Еквадор увезени во Кина


  ПЕКИНГ – Град во кинеската источна провинција Анхуи го пронајде новиот корона вирус на пакувањето на ракчиња од Еквадор, јавуваат државните медиуми во средата, во најновиот пример за откривање на вирусот на увезените производи. Корона вирусот е пронајден на надворешната амбалажа на замрзнати ракчиња, купени од ресторан во градот Вуху, кога локалните власти извршиле […]

Шпан: Не е важно кој е прв, важно е вакцината да биде делотворна


Германскиот министер за здравство Јенс Шпан е скептичен во врска со вакцината против коронавирусот, која е регистрирана во Русија, и вели дека не е важно кој ќе биде прв, туку вакцината да е ефикасна. Во изјавата за „Дојчландсфунк“, Шпан рече дека според сè што знае засега, таа вакцина не е тестирана доволно. – Не станува […]

Германија: Поради вирус кај ученик во изолација цело одделение


Само неколку дена по почетокот на новата учебна година, ученици од училиште во Берлин беа испратени во самоизолација, затоа што еден ученик е позитивен на новиот корона вирус. Патем, новата учебна година во Берлин почна во понеделникот. „Бидејќи заразениот ученик го испративме дома по еден час, и добро ја вентилиравме училницата, ризикот од инфекција е […]