И во Полска нов црн рекорд – заразени 21.629 лица


Бројот на новозаразени со коронавирусот во Полска се зголеми за рекордни 21.629, соопшти денеска полското Министерство за здравство. Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 во земјата сега изнесува 340.834. Министерството соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 22 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 5.351.

Русија: Полицијата застрела тинејџер по обид за тероризам


Руската полиција застрела 16-годишно момче во Татарстан, каде живее главно муслиманско население, откако со нож нападнало полицаец и се обидело да ја запали локалната полициска станица. Истражниот комитет на Русија соопшти дека инцидентот ќе го третира како обид за тероризам. Тинејџерот се обидел да ја запали полициската станица во градот Кукмор со помош на молотов …

Русија: Полицијата застрела тинејџер по обид за тероризам Read More »

Франција се затвора поради Ковид-19, нема влез во земјата


Франција – Според новите мерки за карантин, кои од денеска стапуваат во сила и ќе траат до 1 декември, границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ. Францускиот премиер Жан Кастекс, објаснувајќи ги новите мерки, истакна дека граѓаните ќе можат да излезат од своите домови само за пазарење храна, …

Франција се затвора поради Ковид-19, нема влез во земјата Read More »

Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата


Нов Зеланд – Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на еутаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати од референдумот што се одржа во средината на октомври. Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со …

Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата Read More »

Лајен: Сите земји-членки на ЕУ во исто време ќе ја добијат вакцината против Ковид-19


Белгија – Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека сите земји-членки на Европска Унија ќе добијат вакцини против Ковид-19 во исто време и под исти услови во согласност со бројот на жители. Таа по видеоконференцијата на лидерите на ЕУ кои вонредно разговараа за соработката и одговорот на вториот бран на новиот …

Лајен: Сите земји-членки на ЕУ во исто време ќе ја добијат вакцината против Ковид-19 Read More »

Веќе 80 милиони Американци гласаа предвреме на изборите


ВАШИНГТОН – Повеќе од 80 милиони Американци досега гласаа на претседателските избори во САД, покажуваат бројките во четвртокот од „Проектот за избори на САД“ на Универзитетот во Флорида, поставувајќи ја сцената за највисока стапка на одѕив во повеќе од еден век. Рекордното темпо, повеќе од 58 отсто од вкупниот одѕив во 2016 година, го одразува …

Веќе 80 милиони Американци гласаа предвреме на изборите Read More »

Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 кон крајот на декември или почетокот на јануари


Ако сè оди како што треба, првите дози на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19 ќе бидат достапни за ризичните групи во САД кон крајот на декември или евентуално на почетокот на јануари, соопшти денеска Ентони Фаучи, водечки американски имунолог. Врз основа на проекции на големите компании Модерна и Фајзер, Американците „во одреден момент во …

Фаучи: Првите вакцини против Ковид-19 кон крајот на декември или почетокот на јануари Read More »

Повеќе од 45 милиони случаи на коронавирусот во светот


Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 45 милиони и сега изнесува 45.207.651 случаи, според податоците на веб-страницата Ворлдометерс. Од почетокот на пандемијата, 1.184.057 луѓе починале од последиците од вирусот, а закрепнале 32.896.925. Активни се 11.126.669 случаи, од кои еден процент, или 82.230, се во критична состојба. САД сè уште водат по бројот на пациенти и смртни случаи, со потврдени …

Повеќе од 45 милиони случаи на коронавирусот во светот Read More »

Британските лабуристи го суспендираа донеодамнешниот лидер Џереми Корбин


Поранешниот лидер на британските лабуристи Џереми Корбин беше суспендиран во четвртокот, неколку часа по објавувањето на остриот извештај од страна на набљудувачот за национална еднаквост и човекови права за антисемитизмот во партијата. Портпарол на лабуристите изјави дека Корбин, кој ја водеше партијата од 2015 до 2019 година, е суспендиран „во светло на неговите коментари“ како …

Британските лабуристи го суспендираа донеодамнешниот лидер Џереми Корбин Read More »

Илјадници полицајци ќе го следат спроведувањето на мерките во Германија


Германија планира од понеделник да распореди илјадници федерални полицајци низ целата земја за да се следи почитувањето на построгите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, кои вклучуваат затворање ресторани и барови, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер. – Иницирањето проверки ќе биде клучно за да се обезбеди успех на новите мерки. Во координација …

Илјадници полицајци ќе го следат спроведувањето на мерките во Германија Read More »

Франција во тотален карантин, Германија ќе се чува од вирусот со полиција


На владината прес-конференција, премиерот на Франција Жан Кастекс ги појасни условите за здравствените ограничувања, претставени синоќа од претседателот Емануел Макрон. Особено, тој најави дека Французите можат да ги напуштат своите домови само од одредени причини и со потврда, како во март. Излегувањето за вежбање или шетање на домашните миленичиња ќе биде можно „за еден час …

Франција во тотален карантин, Германија ќе се чува од вирусот со полиција Read More »

Клуге: Европа го премина прагот од 10 милиони случаи на Ковид-19


Данска– Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи Ковид-19 од почетокот на пандемијата, откако во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти. – Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони …

Клуге: Европа го премина прагот од 10 милиони случаи на Ковид-19 Read More »

Експерти: Губењето антитела на короната не е нужно лоша вест


Англија – Појасниот увид во фактот дека нивото на антитела може брзо да исчезне кај луѓето кои имале коронавирус, не мора да биде лоша вест за имунитетот, изјавија денеска британски експерти додавајќи дека „тоа не значи автоматски дека заштитата со вакцина ќе биде слаба или краткотрајна“. Експерти за имунологија и вируси предупредуваат дека не треба многу …

Експерти: Губењето антитела на короната не е нужно лоша вест Read More »

Макрон ќе распореди војска во близина на црквите и училиштата


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе распореди војска во близина на црквите и училиштата со цел да ги заштити клучните локации во Франција. По денешниот напад во црквата Нотр Дам во Ница, во кој беа убиени три лица, и обраќајќи се од местото на трагедијата, тој рече дека Франција е нападната преку нејзините вредности, преку чувството на …

Макрон ќе распореди војска во близина на црквите и училиштата Read More »

Полицијата во последен момент спречи нов напад во Франција, трет денеска


  Француската полиција денеска уапси маж вооружен со нож кај црква во Сартровил, а се верува дека имал намера да изврши терористички напад. Според француските медиуми, мажот е уапсен околу 13 часот, а изгледа дека сакал да изврши сличен напад како оној што порано денеска се случи во Ница, кога исламист со нож уби најмалку …

Полицијата во последен момент спречи нов напад во Франција, трет денеска Read More »

Меркел се огласи на Твитер по нападот во Ница: Германија е со Франција


Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија застанала на страната на Франција по бруталниот напад со нож во кој загинаа три лица во близина на црква во Ница. „Длабоко сум потресена од бруталното убиство во црква во Ница. Моите мисли се со семејствата на убиените и повредените. Германија застана на страната на Франција во овие …

Меркел се огласи на Твитер по нападот во Ница: Германија е со Франција Read More »

Ереван пријави нови напади од страна на Азербејџан во Нагорно-Карабах


Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах. Претходно, Владата на Ерменије соопшти дела биле гранатирани градовите Степанакерт, Шуши и Мартакерт со ракетниот систем Смерч. Во текот на изминатата ноќ, азербејџанските сили извршиле пет напади врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт. Во меѓувреме, ерменското Министерство за одбрана …

Ереван пријави нови напади од страна на Азербејџан во Нагорно-Карабах Read More »

Австрија со рекордни 4.453 заразени, починаа 29 пациенти


Денеска во Австрија беше поставен нов рекорден број на нови случаи на корона вирус, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 4.453 нови инфекции. Исто така забележан е најголем број смртни случаи на дневно ниво – починале 29 лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.056. Од почетокот на епидемијата во Австрија, 94.904 …

Австрија со рекордни 4.453 заразени, починаа 29 пациенти Read More »

Саудиска Арабија: чувар на францускиот конзулат во Џеда ранет со нож


Саудиец е уапсен откако со нож го прободел чуварот на францускиот конзулат во Џеда, град во западна Саудиска Арабија, соопштија официјални саудиски медиуми и француската амбасада во таа земја, јави дописникот на МИА. „Напаѓачот беше уапсен од саудиските сили на редот веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во …

Саудиска Арабија: чувар на францускиот конзулат во Џеда ранет со нож Read More »

Тајван 200 дена без локална трансмисија на КОВИД-19, властите благодарни што граѓаните постојано носат маска


Во Тајван не се пријавени домашни случаи на пренесување на коронавирусот веќе 200 дена, а владата укажува на постојан успех на островот во одржувањето на вирусот под контрола, дури и кога расте бројот на пациенти во другите делови на светот. Тајванскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) последен пат информираше за домашен случај на инфекција …

Тајван 200 дена без локална трансмисија на КОВИД-19, властите благодарни што граѓаните постојано носат маска Read More »