И во Полска нов црн рекорд – заразени 21.629 лица


Бројот на новозаразени со коронавирусот во Полска се зголеми за рекордни 21.629, соопшти денеска полското Министерство за здравство.

Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 во земјата сега изнесува 340.834.

Министерството соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 22 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 5.351.