Бајден разговараше со Гутереш за стратешко партнерство во борбата против пандемијата


Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден разговараше со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, за „стратешкото партнерство“ во борбата против пандемијата на Ковид-19 и климатските промени – две прашања во кои Доналд Трамп отфрли мултилатерален пристап, соопшти тимот на Бајден. Актуелниот претседател на САД ги нарече климатските промени „измама“, и во 2017 година ги повлече САД од глобалниот договор …

Бајден разговараше со Гутереш за стратешко партнерство во борбата против пандемијата Read More »

Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер на границата меѓу Чиле и Аргентина


Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди пограничната област меѓу Аргентина и Чиле, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ) Епицентарот на земјотресот бил регистриран на длабочина од 162 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени и загинати луѓе. 

Конечно и Висконсин ја потврди победата на Џо Бајден


Победата на Џо Бајден на бојното поле во државата Висконсин беше потврдена во понеделникот по делумното пребројување на гласовите, што само му додаде на неговата разлика од 20.600 гласови над претседателот Доналд Трамп, кој вети дека ќе поднесе тужба со цел да ги поништи резултатите. Гувернерот Тони Еверс, демократ, потпиша сертификат со кој заврши процесот …

Конечно и Висконсин ја потврди победата на Џо Бајден Read More »

Трамп ги губи следбениците на Твитер – а Бајден добива нови


Претседателот изгуби 133.902 следбеници од 17 ноември, бидејќи избраниот претседател доби 1.156.610   Доналд Трамп ги губи следбениците на Твитер откако ги загуби претседателските избори од Џо Бајден – додека новоизбраниот демократски претседател добива нови. Според „Фактбејс“, веб-страница посветена на следење на јавните искази на Трамп, претседателот изгубил 133.902 следбеници од 17 ноември, додека избраниот …

Трамп ги губи следбениците на Твитер – а Бајден добива нови Read More »

Се самоуби телохранител на Путин додека бил на работа


  Телохранител на рускиот претседател Владимир Путин, денеска извршил самоубиство додека бил на работа. Михаил Захаров, според пишувањата на руските медиуми се убил денеска во Кремљ. Се спомнува дека причина за самоубиството може да биде рамнодушниот однос на раководството на ФСО кон работните услови на вработените и бројните прекувремени часови. Во една од последните смени …

Се самоуби телохранител на Путин додека бил на работа Read More »

И Аризона официјално ја потврди победата на Бајден


Официјални лица од Аризона ја потврдија тесната победа на Џо Бајден над претседателот Доналд Трамп во државата. Демократскиот државен секретар Кети Хобс и републиканскиот гувернер Даг Даси застанаа зад интегритетот на изборите, дури и кога адвокатите на Трамп беа низ градот во понеделникот расправајќи се без докази пред девет републикански пратеници дека изборите биле проследени …

И Аризона официјално ја потврди победата на Бајден Read More »

Во Франција најмногу заразени во ноември


Француското Министерство за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 4.005 новозаразени и 406 смртни случаи меѓу пациенти со Ковид-19. Во извештајот на француското Министерство се вели дека ноември е месецот со најголем, рекорден број од 854.863 нови, потврдени случаи на корона вирус од почетокот на пандемијата. Во Франција досега се евидентирани вкупно 2,22 милиони заразени со …

Во Франција најмногу заразени во ноември Read More »

СЗО препорачува внимателно планирање на претстојната скијачка сезона


Светската здравствена организација (СЗО) денеска им препорача на сите земји внимателно да пристапат кон плановите за претстојната сезона на зимски одмори со цел да се спречат отворените ризици од ширење на коронавирусот поради собирање на повеќе луѓе во мали простори во зимските скијачки центри. СЗО избегна да даде некакви специфични препораки до владите кои сè уште не …

СЗО препорачува внимателно планирање на претстојната скијачка сезона Read More »

Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во индуцирана кома поради коронавирус


Локалниот политичар од централен Бразил, Магуито Вилела, вчера бил избран за градоначалник на градот Гоијанија, но тој се уште не го знае тоа, бидејќи поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради инфекција со Ковид-19. Неговиот случај е само последен пример на големината на пандемијата на коронавирусот во Бразил, земјата која …

Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во индуцирана кома поради коронавирус Read More »

Белата куќа и Меланија Трамп блеснаа во божикно руво.„America the Beautiful“ (видео)


Белата куќа повторно заблеска во име на престојните божиќни празници. Меланија Трамп иако во 2018 се изјасни дека не e голем љубител на целата фама околу китењето и сите декорации поврзани со празниците, повторно ги „засука ракавите“ и ја накити Белата куќа за последен пат, како прва дама Целиот концепт на украсувањето е креиран по …

Белата куќа и Меланија Трамп блеснаа во божикно руво.„America the Beautiful“ (видео) Read More »

Членките на ЕУ согласни за јакнење на односите со администрацијата на Бајден


Земјите-членки на ЕУ се согласуваат дека трансатлантските односи мора да се зајакнат со новата администрација во САД, додека истовремено мора да се работи на зајакнување на стратешката автономија на ЕУ, беше договорено денеска во Брисел. Амбасадорите на земјите-членки се согласија за идните односи меѓу ЕУ и САД, што треба да биде тема на претстојниот самит …

Членките на ЕУ согласни за јакнење на односите со администрацијата на Бајден Read More »

„Новавакс“ повторно го одложи тестирањето на третата фаза од вакцината во САД


Американскиот производител на вакцини „Новавакс“ денеска соопшти дека повторно го одложува почетокот на последната фаза од тестирањето на експерименталната вакцина против коронавирус во САД и додаде дека очекува тестирањето да почне во следните недели, место во ноември. Ова е вторпат „Новавакс“, чие тестирање на вакцината во Велика Британија е во втората фаза и веќе е …

„Новавакс“ повторно го одложи тестирањето на третата фаза од вакцината во САД Read More »

Сијарто: Миграциите мора да останат под национална надлежност


Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто денеска го повтори ставот на Унгарија дека прашањето за миграциите мора да остане во национална надлежност. Тој ова го изјави за време на видеоконференцијата за договорот за ЕУ од Котун. Сијарто разговараше со министрите за надворешни работи на Полска, Естонија и Малта, за договорот што ЕУ го потпиша во 2000 година со …

Сијарто: Миграциите мора да останат под национална надлежност Read More »

Рекорден пад на емисиите на штетни гасови во ЕУ во последните 30 години


Стапката на стакленички емисии бележи рекорден пад во 2019 година, и е на најниско ниво во последните триесет години, објави денеска Европската комисија. Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, ова претставува намалување од 27 отсто на штетните емисии на гас во споредба со 1990, референтната година за климатските стратегии во светот, стои во …

Рекорден пад на емисиите на штетни гасови во ЕУ во последните 30 години Read More »

Почнаа игрите околу „тронот“ на Путин


Дали Путин е сериозно болен и наскоро ќе се пензионира или се ова само гласини? „Во јануари, Владимир Путин ќе ги објави своите планови за предавање на власта“, изјави рускиот историчар Валери Соловеј. Путин, според него,  се лекува од Паркинсонова болест, рак и депресија. „Целосна глупост“, порачаа од Кремљ. Но, Соловеј, поранешен професор на Московскиот …

Почнаа игрите околу „тронот“ на Путин Read More »

Вакцината на „Модерна“ е ефикасна повеќе од 94 отсто, побарано одобрение за итна употреба


Компанијата „Модерна“ соопшти дека ќе побара итно одобрување на нејзината вакцина против коронавирус од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), откако последните податоци покажале дека е ефикасна повеќе од 94 проценти. „Модерна“ е втор производител на лекови што побара од ФДА да добие одобрение за итни случаи. Пред неа, тоа го стори „Фајзер“, една …

Вакцината на „Модерна“ е ефикасна повеќе од 94 отсто, побарано одобрение за итна употреба Read More »

Како можеше да биде убиен еден од најдобро чуваните луѓе во Иран?


Нуклеарниот физичар Мохсен Фахризадех беше еден од најдобро заштитените луѓе во Иран. Неговото убиство фрла лошо светло врз тајната служба на Револуционерните гарди во Иран Бесот на социјалните мрежи е огромен – „Додека тајните служби и безбедносниот апарат се зафатени со следење и малтретирање на студенти, активистки, новинарки и неистомисленици, ни ги убиваат нуклеарните научници …

Како можеше да биде убиен еден од најдобро чуваните луѓе во Иран? Read More »

САД подготвуваат нови санкции против „Северен тек 2“


Членовите на Конгресот на САД се согласија да воведат нови санкции против гасоводот „Северен тек 2“, објави Волстрит џурнал. Според изданието, мерките што следуваат може да се претворат во „победа“ за двајца украински лобисти. Вадим Гламаздин од украинската компанија „Нафгогаз“ и Александар Карченко од Советот за национална безбедност на Украина веќе четири години се обидуваат …

САД подготвуваат нови санкции против „Северен тек 2“ Read More »

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде на пазарот од следниот месец


Вакцината против Ковид-19 – „Епиваккорона“, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, би можела да биде пуштена во цивилна циркулација уште следниот месец, изјави директорот на центарот, Ринат Максјутов. – Веќе произведовме 35.000 дози вакцини и планираме до крајот на годинава да произведеме 50.000 дози. Околу 5.000 дози се дадени за пострегистрациски …

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде на пазарот од следниот месец Read More »

Над 63 милиони случаи на Ковид-19 во светот од почеток на пандемијата


Во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусот се потврдени 63.073.287 случаи на зараза. Од последици на Ковид-19 починале 1.465.186 лица, а оздравеле 43.546.388 пациенти. Моментно во светот има активни 18.061.713 случаи на заболени. Најголем број регистрирани случаи на коронавирус имаат САД (13.750.404), Индија (9.432.075), Бразил (6.314.740), Русија (2.269.316) и Франција (2.218.483).