Белата куќа и Меланија Трамп блеснаа во божикно руво.„America the Beautiful“ (видео)

Белата куќа повторно заблеска во име на престојните божиќни празници. Меланија Трамп иако во 2018 се изјасни дека не e голем љубител на целата фама околу китењето и сите декорации поврзани со празниците, повторно ги „засука ракавите“ и ја накити Белата куќа за последен пат, како прва дама

Целиот концепт на украсувањето е креиран по темата „America the Beautiful“.

Некои од најзначајните украси се дрвото подарено од семејства на загинатите американски војници, полици над каминот со слики од Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско.

Секако, тука е и традиционалната новогодишна куќичка за деца, како и елка висока 5,5 метри.

 

Mеланија Трамп на Твитер објави и видео – снимка на која се гледаат натписи од нејзината хуманитарна кампања „Биди најдобар“, што е наменета за децата од ранливите категории.

Волонтерите се погрижија украсувањето да биде беспрекорно, додавајќи огромни божиќни венци со црвена панделка на прозорите на Белата Куќа.

Првата дама повторно блескаше со својот изглед  облечена во светкава, металик кошула и класично црно миди молив- здолниште со металик колан.