Се самоуби телохранител на Путин додека бил на работа

 

Телохранител на рускиот претседател Владимир Путин, денеска извршил самоубиство додека бил на работа.

Михаил Захаров, според пишувањата на руските медиуми се убил денеска во Кремљ.

Се спомнува дека причина за самоубиството може да биде рамнодушниот однос на раководството на ФСО кон работните услови на вработените и бројните прекувремени часови. Во една од последните смени Захаров бил на работа повеќе од 15 часа.

ФСО неодамна ја прекина политиката на предвремена пензија за членовите кои имаат насобрано доволно прекувремени часови, и им ги поништи сите дополнителни часови.

ФСО е руска владина агенција чија задача е заштита на високи функционери, вклучително и претседателот.

Според зборовите на сега починатиот, во ФСО нема доволно вработени, па се принудени да работат многу повеќе и без дополнителни плаќања.

Се уште не е објавено на која возраст бил телихранителот.