Германија: Пасошите за вакцинација се најбарани за фалсификување


Пасошите за вакцинација во моментов се најбарани во Германија, а се појавуваат сè поголем број фалсификувани документи. Државното обвинителство во Минхен соопшти дека во моментов пасошот за вакцинација е „најбараната фалсификувана стока“. Преку онлајн платформите, како што е Телеграм, може да се стигне до таков фалсификат. – Цените на фалсификуваните пасоши за имунизација со внесени […]

Најмалку шест мртви на протести во Колумбија, сè почна од даночните реформи


  Најмалку шест лица загинаа во протести во колумбискиот град Кали, јавуваат локалните медиуми. Весникот „Тиемпо“ наведува дека се работи за шест лица, додоека радиото РЦН објави дека имало седум жртви. Претседателот на Колумбија Иван Дуке во петокот прати дополнителна воена помош на полицијата во округот Вале дел Каука, каде беше епицентарот на демонстрациите во […]

„Блумберг“: ЕУ и САД подготвуваат одговор на „непријателските акции“ на Русија


САД– Европската унија му испрати на Вашингтон нацрт заедничка изјава за самитот ЕУ-САД на 15 јуни, во која се предлага двете страни да одговорат на „непријателските акции“ на Русија, објави американската агенција „Блумберг“, повикувајќи се на документ. Самитот ЕУ-САД ќе се одржи еден ден пред состанокот на претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден […]

Кина се стреми да ја преземе доминацијата во вселената


Кина има големи планови за освојување на вселената, но прашање е дали може наскоро да преземе доминантна улога. Земја која „само“ пред дваесет години го испрати својот прв астронаут во вселената, полека но сигурно оди кон врвот на најголемите светски сили, а неодамнешните успеси на Кина укажуваат дека постои основа за претпоставка дека порано отколку […]

Нови протести против епидемиолошките мерки во Брисел


  Ститици луѓе без маски протестираа денеска против епидемиолошките мерки воведени како заштита од Ковид-19 во близина на институциите на Европската Унија во Брисел, извикувајќи: Слобода! Протестот почна во градскиот парк, од каде учесниците се упатија кон плоштадот околу кој се наоѓаат канцелариите на функционерите на ЕУ, меќу кои и седиштето на Европската комисија. Полицијата […]

Пад на нови случаи и починати од вирусот во Италија и Франција


Италија објави 83 смртни случаи поврзани со корона вирусот во саботата во споредба со 126 смртни случаи претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Дневниот биланс на нови инфекции се намали на 3.351 од 3.738, пренесува Ројтерс. Италија регистрираше 126.002 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е втора најголема бројка во Европа по Велика Британија и […]

Вашингтон го подготвува списокот на санкции за Белорусија


Администрацијата на Бајден соопшти дека подготвува список на насочени санкции против клучните членови на белоруската влада, кои принудно слетаа на патнички авион и уапсија новинар. Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, во петокот рече дека Соединетите Држави исто така го суспендираат договорот од 2019 година меѓу Вашингтон и Минск, со кој им се дозволува на […]

Северна Кореја тврди дека 700 сирачиња доброволно се јавиле за работа во рудник


Севернокорејските државни медиуми тврдат дека во таа држава сирачиња доброволно се пријавиле за работа во државните рудници и на нивите, пренесува Би-би-си. Државната новинска агенција КЦНА јави дека повеќе стотини деца „во цветот на младоста одважно и мудро“ одбрале да извршуваат физички работи за државата. Нивната возраст не е објавена, но според фотографиите може да […]

Тајвански милијардер сака да купи пет милиони дози од вакцината на БиоНТек


Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант Епл, тајванскиот милијардер Тери Гоу планира да увезе на Тајван пет милиони дози антиковид вакцини на Фајзер/БиоНТек. Неодамна на Тајван беа регистрирани десетици заразени дневно, а сега за едно деноноќие е потврден многу поголем број – околу 8.000 заразени и 99 починати пациенти од […]

Германија анкета: Повеќе од половина Германци се и понатаму незадоволни од управувањето на владата со кризата со Ковид-19


 Повеќе од половина Германци се и понатаму  незадоволни од управувањето на владата со кризата со коронавирусот, и покрај напредокот во вакцинацијата, олеснувањето на ограничувањата и падот на бројот на новозаразени. Во истражувањето спроведено за агенцијата ДПА од институтот за анкетирање ЈуГов, 24 проценти се „многу незадоволни“, а дополнителни 30 проценти се „прилично незадоволни“ од постапките […]

Американските компании можат да побараат од вработените да бидат вакцинирани против Ковид-19


Американските компании можат да побараат од вработените  да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти Комисијата за еднакви можности за вработување (EEOC). EEOC, во соопштението објавено на својата веб-страница ги објаснува своите упатства – од вработените може да се бара да се вакцинираат се додека работодавците ги почитуваат разумните законски одредби. Покрај тоа, работодавачите можат да понудат […]

Виетнам соопшти за нов сој на коронавирусот


Виетнам– Нов сој на коронавирусот – мешавина од индискиот и британскиот – е откриена во Виетнам, изјави виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг. – Новата мутација се шири побрзо преку воздухот. Особено, тоа е де факто како индиска верзија, но со мутации што првично беа својствени за британската верзија, рече министерот. Ова беше откриено […]

Германија: Секоја четврта продавница е пред затворање


Продавниците што не продаваат стоки за основни потреби беа затворени пред повеќе од половина година. Сега, кога новите инфекции значително опаднаа, продавниците постепено ги отвораат вратите. Кризата особено силно ги погоди малите приватни продавници. Како и сите други, тие имаат право на државна парична помош. Оние чиј обрт падна за најмалку 30 отсто од ноември […]

Папата испраќа инспектори во Келн по обвинувања за црковен сексуален скандал


Ватикан–   Папата Фрациск нареди инспекција на Католичката црква во Келн по скандал предизвикан од критиките за односот на црквата кон сексуален напад од свештеници во западниот германски град, јави ДПА. Папата има намера следниот месец да испрати за проверки во најголемата германска епархија за да ги испита „можните грешки“ на келнскиот кардинал Рајнер Марија Волки во […]

Републиканците го блокираа формирањето комисија за нападот на Капитол


Републиканците во Сенатот во петокот го блокираа формирањето на двопартиски панел за проучување на нападот на Капитол на 6 јануари во знак на лојалност на партијата кон поранешниот претседател Доналд Трамп, со цел да се пренасочи политичкиот фокус од насилното востание од неговите приврзаници во Републиканската партија. Наместо тоа, сега е веројатно дека прашањата за […]

Москва подготвена за нормализација со ЕУ


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена за нормализација на односите со Европската унија, но врз основа на принципот на рамноправност. „Уште еднаш сакам да ја потврдиме подготвеноста за нормализација на односите со ЕУ, но само во случај на сите да им биде јасно дека разговорот ќе го водиме врз […]

Германија призна дека направила геноцид во Намибија


Берлин се согласи на на Намибија да ѝ исплати 1,1 милијарди евра за злоделата што ги направи врз луѓето од племињата Хереро и Нама од 1904 до 1908 година   Германија за прв пат ги призна злосторствата во колонијалната ера против народот Хереро и Нама во денешна Намибија како геноцид и се согласи да плати […]

Германија за десетина дена почнува да ги вакцинира децата и тинејџерите


Германија во јуни ќе почне да ги вакцинира децата постари од 12 години, против Ковид-19, соопшти канцеларката Ангела Меркел, за што во таа земја деновиве многу се расправаше. Младите ќе можат да закажат вакцинација од 7 јуни, кога се завршува програмата според која пострите лица имаат приоритет, како и хроничните болни и наизложените според професијата, […]

Лукашенко го чека голем список на санкции


Доколку режимот во Белорусија веднаш не ослободи 400 политички затвореници со санкции ќе биде погоден клучниот сектор на калиум и фосфат, а државата не ќе може да издава обврзници во Европа   Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го предупреди белорускиот лидер Александар Лукашенко дека санкциите воведени по киднапирањето на авионот на „Рајанер“ се […]

Најстариот израелски весник објави фото од убиените палестински деца


На насловната страница на дневниот весник „Харец“, најстар во Израел, беа објавени фотографии од 67 палестински деца и тинејџери кои ги загубија своите животи во неодамнешните конфликти во Газа. „Ова е цената на војната“, се вели на насловната страница, заедно со фото од жртвите. Борците за човекови права му аплаудираа на весникот за овој гест.  […]