Шпанија го враќа полицискиот час и други мерки поради ширење на Ковид-19 меѓу младите


Шпанските власти во дел од регионите повторно го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за дружење и ноќниот живот, за да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаболени од коронавирусот, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата. Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главните жаришта на […]

Во Израел почнаа со аплицирање трета доза на вакцина против Ковид-19


Во Израел почнаа со аплицирање трета доза на вакцина против коронавирусот на луѓе со ослабен имунолошки систем. Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на „имунокомпромитирани“ да примат трета доза од вакцината на Фајзер. Иако најголемиот дел од популацијата е вакциниран, Израел во последните неколку недели бележи постојан пораст […]

ФДА издаде ново предупредување за несакани ефекти на вакцината на Ј&Ј против Ковид-19


Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата. Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на синдром Гилен-Баре (Guillain-Barré) по […]

Најмалку 39 жртви во пожар во болница во Ирак


Најмалку 39 лица загинаа, а 20 се повредени во пожар што зафати болница во која се лекуваат заразени с Ковид-19 во ирачкиот град Насирија, јави ирачката државна новинска агенција ИНА. Министерството за здравство соопшти дека потрагата по преживеаните во болницата Ал-Хусаин продолжила откако пожарот бил ставен под контрола. Медицински извори велат дека бројот на жртвите може да се зголеми затоа што […]

СЗО ги повика богатите земји да не порачуваат дополнителни вакцини


Богатите земји не треба да нарачуваат дополнителни дози на вакцини за нивната вакцинирана популација, додека другите земји сè уште немаат примено вакцини против Ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус рече дека бројот на жртвите во пандемијата на коронавирусот повторно се зголемува, варијантата Делта станува доминантна и многу земји […]

Макрон најави задолжителна вакцинација за одредени професии, кампања за трета доза и примена на ковид пасошите


Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата,  јави дописникот на МИА од Париз. – Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе, најави  Макрон и […]

Се повлече командантот на американските сили во Авганистан


Главниот командант на американсите сили во Авганистан, генерал Остин Милер, денеска се повлече од позицијата како симболичен чин на 20-годишното присуство на Американците во земјата, јави Вашингтон пост. Ова е и најдолгиот вооружен конфликт во кој САД биле некогаш вовлечени. Повлекувањето отвори пат за подем на Талибанците кои се закануваат да ја урнат регуларната влада […]

(Видео) Најголеми демонстрации на Куба во изминатите три децении


Неколку илјади граѓани протестираа против комунистичките власти на Куба во главниот град Хавана и неколку други градови, во најголемите демонстрации на островот во последните скоро 30 години. Санкциите на САД и пандемијата на коронавирусот придонесоа за недостиг на храна и зголемување на цените, пренесува „Гардијан“. Собраните повикаа на слобода, демократија и побараа вакцини за борба […]

Голема победа на проевропската партија на изборите во Молдова


Партијата на претседателката Маја Санду ќе има апсолутно мнозинство во парламентот и можност да ја спроведува про-ЕУ и антикорупциската агенда   Молдавските гласачи ја поставија земјата на пат кон ЕУ за најмалку четири години откако и го предадоа солидното парламентарно мнозинство на Партијата за акција и солидарност. Десниот центар ПАС, предводен од молдавската претседателка Маја […]

Еден загинат, повеќемина повредени во шампионското славје во Италија


Едно лице загина во Сицилија за време на прославата по повод европската титула што италијанската фудбалска репрезентација ја освои во неделата по триумфот над Англија во Лондон, објавија денеска локалните медиуми. Локалната полиција соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне. За […]

Холандскиот премиер се извини поради олабавување на мерките


Холандскиот премиер Марк Руте се извини за релаксирањето на ограничувањата поради корона вирусот прерано кога случаите се зголемија во пресрет на повторното отворање. Руте повторно ги воведе мерките за баровите, рестораните и ноќните клубови во Холандија, бидејќи случаите рапидно се ширеа кај младите, само две недели по олабавувањето, јави Ројтерс. Рестораните и баровите не ќе […]

ЕК: Малта да не ги затвора своите граници за невакцинираните


Европската комисија сака да ја убеди Малта да се откаже од одлуката да ги затвори своите граници за невакцинираните против Ковид-19, изјави денеска еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. Малта објави во петокот, како прва таква земја во ЕУ, дека ќе ги затвори своите граници за невакцинираните патници, убедена дека на тој начин ќе го запре […]

Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против корона вирус


Ковакс системот веднаш ќе добие 110 милиони дози вакцина против корона вирус од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“ кои ќе му помогнат на меѓународниот систем за дистрибуција на вакцини да се справи со недостигот поради новиот бран на пандемијата, соопшти денеска Сојузот за вакцини (Гави). „Договорот со кинеските фармацевтски групи вклучува и опции за набавка […]

Европол: Во меѓународна акција уапсени 46 лица вклучени во трговија со луѓе


 Во полициска акција против шверцери на бегалци, во која беа вклучени полициите на Шпанија и Албанија и надлежните безбедносни служби на Австрија, Франција, Италија, Словенија, Португалија, Велика Британија, САД, Косово и Европол, уапсени се вкупно 46 лица кои се дел од криминална мрежа што им овозможувала на бегалците илегално да влегуваат во Британија и САД. „Истрагата, […]

Во Холандија за две недели бројот позитивни на корона седум пати се зголеми


Холандија, земја која меѓу првите во Европската унија ги попушти речиси сите мерки за заштита од корона вирусот, повторно белеќи огромен раст на новозаболени со корона вирус. За неполни две недели дневниот број на позитивни тестови зголемен е за речиси седум пати. Вкупно 9.398 нови случаи на заразени со корона вирус беа пријавени во јавниот […]

Готово е летото во Франција? Делта сојот ги наруши плановите


  Пред само три дена Франција ги отвори ноќните клубови, прв пат по 16 месеци, а во најава се нови мерки по појавата на делта сојот на корона вирусот. Иако, со цел да се врати животот во нормална, Франција пред три дена ги отвори ноќните клубови, можни се нови ограничувања затоа што новиот делта сој […]

Сиднеј би можел да го продолжи локдаунот и по 16 јули


 Можноста за продолжено заклучување во Сиднеј, Австралија, се појави денеска, откако здравствените работници пријавија уште едно рекордно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 оваа година, предизвикано од многу заразниот делта сој. Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека потврдила 112 нови, локални случаи на Ковид-19, од кои речиси сите се наоѓаат во […]

Уапсен лекар што живее во САД за убиството на претседателот на Хаити


Полицијата од Хаити објави дека го уапсила осомничениот организатор на убиството на птерседателот Жовенел Моис. Уапсениот е лекар од Хаити кој живее на Флорида, САД, рече полицискиот наредник Леон Чарлс, на конференција за новинарите. Наводно, осомничениот добил повик од убијците по атентатот. Лекарот е трет американски државјанин од вкупно 21 приведен по убиството на Моис, […]

Австрија бара начини за помасовна имунизација против коронавирусот


Министерството за социјални работи на Австрија разгледува стратегии за да ги убеди Австријците да вакцинираат против коронавирусот што е можно помасовно поради ширењето на делта мутацијата. Еден од предлозите е вакцинирање и на гробишта под мотото „имунизација наместо да се лежи на ова место“. Идејата е да се вакцинира и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат […]

Топлотниот бран виновен за масовното угинување школки во Канада


Силниот топлотен бран, којшто минатата недела ја зафати Британска Колумбија, е тоа што го предизвикало масовното угинување на школки и други морски животни кои живеат на брегот на западна Канада. Кристофер Харли, професор на Одделот за зоологија при Универзитетот на Британска Колумбија, откри безброј угинати школки – отворени и скапани, на плажата Кикалано, што е […]