Одбиено барањето на Берлускони за прекин на судењето


 Италијански суд денеска го одби барањето на поранешниот премиер Силвио Берлускони да го прекине судењето поради тешка болест. Судијата Марко Тремолада сепак го закажа следното рочиште за 8 септември, што му дава на 84-годишниот милијардер повеќе од три месеци да закрепне од последната акутна фаза на болеста. Берлускони, кој беше италијански премиер четири пати, годинава […]

Лукашенко го обвини Западот дека водел „хибридна војна“ против Белорусија


Според автокртаскиот лидер реакцијата на Западот по приземјувањето на авионот на „Рајанер“ и апсењето на новинарот била „планирана провокација“   Александар Лукашенко ги даде своите први јавни коментари во одбрана на неговото приземјување на летот на „Рајанер“ минатата недела, обвинувајќи го Западот за започнување „хибридна модерна војна“ против Минск и нарекувајќи ја реакцијата на инцидентот […]

Петгодишното дете, единствениот преживеан во падот на гондолата, се разбудило во болница


Петгодишниот Еитан Биран, единствениот преживеан од несреќата на жичарницата во северна Италија во која загинаа 14 лица оваа недела, се разбуди три дена по катастрофата. Биран бил под седативи во Торино и останува во сериозна состојба. Неговите родители и братчето загинаа во несреќата. Според израелските медиуми, неговата тетка била со него кога се разбудило.

Јапонија нарача 120 милиони дози од вакцината на „АстраЗенека“


„АстраЗенека“ и „Нипро корп“ потпишаа договор за испорака на вакцината на британско-шведската компанија во Јапонија. „Нипро“ соопшти дека договорот е за полнење на дозите во вијали и пакување, што треба да започне следниот месец. Јапонската влада се согласи да набави 120 милиони дози од вакцината „АстраЗенека“, што е доволно за 60 милиони луѓе. Вакцината беше […]

Видео приказните на Седат Пекер ја растресоа турската влада


Мафијашот кој порано соработуваше со тајните служби во своите емисии на Јутјуб обвинува високи владини функционери за злосторства вклучувајќу убиство, силување, корупција и трговија со дрога   Турските телевизиски серии се популарни во целиот муслимански свет за време на Рамазан, полни со приказни за интригите во палатата и криминалното подземје. Оваа година изненадувачкиот хит не […]

Тројца уапсени поради уривање на жичарницата во северна Италија


 Италијанската полиција уапси три лица под сомнение дека се виновни за уривање на жичарницата во близина на езерото Маџоре. Во несреќата во неделата загинаа 14 лица, а единствениот преживеан е петгодишно момче, кое е во болница и се уште е во животна опасност. Истрагата покажа дека кабината била неисправна на почетокот на мај и дека […]

СЗО: Индискиот сој пријавен во 52 територии


 Индискиот сој на коронавирусот е официјално пријавен на 53 територии, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО доби и информација од неофицијални извори дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии. Бројот на нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19 продолжи да опаѓа минатата недела, бидејќи се регистрирани повеќе од 4,1 милиони нови случаи и […]

Студија: Само 0,01 отсто од Американците се заразиле со Ковид-19 по целосна имунизација


Само 0,01 процент од Американците биле повторно инфицирани по целосна имунизација против Ковид-19 во периодот јануари-април. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести во студија биле опфатени 101 милиони луѓе  подложени на целосен курс на вакцинација помеѓу 1 јануари и 30 април – 10.262 инфекции се пријавени во рок од две недели по […]

Поротата одлучува за подигање обвинение против Трамп


Окружниот државен обинител на Менхетен ја повика големата порота која треба да одлучи дали ќе биде покренато обвинение против поранешниот претседател на САД ДОналд Трамп, јави во вторникот вечерта Вашингтон пост, повикувајќи се на две лица упатени во случајот. „Поротата е неодамна свикана и ќе заседава неделно три дена следните шест месеци“, објави Вашингтон пост. […]

Во Бразил 450.000 починаа од корона вирус


  Бразил во вторникот забележа повеќе од 450.000 смртни случаи од Ковид-19, објави Министерството за здравство. Во последните 24 часа во Бразил починаа 2.173 лица, а забележани се 73.453 новозаболени од корона вирус. Од почетокот на пандемијата во Бразил од тој вирус починаа 452.031 лице, а според официјалните податоци повее од 16 милиони луѓе досега […]

Насилствата на тест го ставаат повлекувањето на Бајден од жариштата на Блискиот исток


Растечкото насилство и сцените на страдање на цивилното население на тест ја става решеноста на претседателот Џо Бајден да го одалечи фокусот на надворешната политика од жариштата на Блискиот исток и Авганистан и да го намали американското воено присуство во овие региони. Тоа, исто така, налева вода во воденицата на неговите политички противници на домашен […]

Полска организира лотарија за да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат


Полска– Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА. Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се […]

Во Франција зголемен број на хакерски напади врз болниците во пандемијата со Ковид-19


Франција – Во Франција,  голем број јавни болници имаат сериозно нарушување на работењето откако беа мета на хакери за откуп, од почетокот на епидемијата со Ковид-19 во Европа на почетокот на 2020 година. Според францускиот министер за дигитално општество, Седрик О, 27 болници биле под некаква форма на кибер напад минатата година, вклучително и рансомвер, […]

Умре Вилијам Шекспир, првиот маж во светот што ја прими вакцината против корона вирус


Британецот Вилијам Шекспир, кој беше првиот маж во светот кој ја прими вакцината против коронавирус, почина од болест неповрзана со Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Шекспир (81) ја прими првата доза на вакцината „Фајзер“ во декември минатата година во болницата во Ковентри. Првата личност во светот што ја прими вакцината беше 91-годишната Британка Маргарет Кинан. Неговата пријателка […]

Рекорден раст на цените на станбените објекти во САД во последните 15 години


Цените на станбените објекти во САД, според резултатите од март, покажаа максимална вредност, повисока дури и од 2005 година, се дознава од индексот Кејс-Шилер на S&P Global и Dow Jones (CoreLogic Case-Shiller Indices), главна мерка за цените на американската станбена недвижност.  Цените на станбените објекти пораснале за 13.2 отсто споредбено со март 2020 година или ја надминале максимално постигнатата […]

(Видео) Урнати згради од силен земјотрес во Конго, три дена по ерупцијата на вулканот Нијаранго


Земјотресот што денеска беше регистриран на границата меѓу Конго и Руанда уништи згради во градот Гома, а се стравува дека повторно ќе дојде до ерупција на блискиот вулкан Нијарангонго, само три дена откако од првата ерупција загинаа десетици лица, а 17 села беа уништени од лавата. Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата […]

Хајко Мас: Лукашенко мора да плати „горчлива цена“


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би сакал белоруската опозиција да биде поканета на самитот на Г7 во Велика Британија следниот месец, откако семејството на затворениот новинар Роман Протасевич го обвини режимот за тортура. Европските лидери возвратија на чинот на „државна пиратство“ од Минск принудувајќи го авионот на „Рајанер“ кој го однесе Протасевич на непланиран […]

Еуроконтрол планира пренасочување на воздушниот сообраќај подалеку од Белорусија


Европската агенција за контрола на летањето „Еуроконтрол“ денеска соопшти дека низ Белорусија дневно минуваат околу 100 авиони на европски и британски превозници и дека е најдобро во иднина тие да се пренасочат кон воздушниот простор на балтичките земји. Лидерите на ЕУ вчера се согласија дека треба да се избегнува белорускиот воздушен прост откако Минск присили […]

Лидерите на ЕУ се заложиле да донираат вакцини за земјите со ниски приходи


 На вториот ден од самитот на ЕУ, шефовите на држави и влади разговараа за Ковид-19, вакцинацијата и перспективите за враќање во нормала во ЕУ како и во остатокот од светот, а  станало збор за вакцинирање на малолетници и помош за трети земји, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија останува на целта дека до […]

Ел Чапо нарачува убиства од затвор, настрада началникот на полицијата на државата Синалоа


Непознати напаѓачи го убиле началникот на полицијата на мексиканската држава Синалоа, Хоел Ернест Сото, пренесуваат мексиканските медиуми. Сото е убиен по серијата апсења на атентатори од нарко картелот на чие чело е Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо. Автомобилот во кој бил шефот на државната полиција на Синалоа, Хоел Ернесто Сото, бил пресретнат и рафално […]