Раб: Со досегашното темпо светот ќе биде вакциниран дури кон крајот на 2024 година


Шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, предупреди дека со сегашното темпо на вакцинација, светот ќе се вакцинира против Ковид-19 дури до 2024 година.

Министерот ги повика другите земји да и се придружат на Велика Британија во донирањето вакцини за сиромашните нации.

Раб се надева дека земјата ќе биде следена и од други земји, откако Велика Британија почна со дистрибуцијата на првото количество од 100 милиони вакцини што планира да ги отстапи, пишуваат британските медиуми.

-Знаеме дека со сегашното темпо светот ќе се вакцинира дури во 2024 година. Сакаме овој датум да го поместиме до средината на следната година и тоа во голема мера би ја променило ситуацијата во погодените земји, рече британскиот министер за надворешни работи.