Ќе му се суди на 100-годишен чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен


Логорот Заксенхаузен денес

Поранешниот чувар во нацистичкиот логор Заксенхаузен во близина на Берлин кој сега има 100 години ќе биде суден на есен, 76 години по завршувањето на Втората светска војна, објави германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“.

Окружниот суд во Нојрупин ги одобри обвиненијата за помош во убиство во 3.500 случаи, а судењето треба да започне во октомври. Обвинетиот треба да биде способен да му се суди 2 до 2-1/2 часа дневно, изјави портпаролот на судот за весникот.

Обвинетиот, кој не беше именуван во согласност со законите на германските медиуми за осомничени, се вели дека работел како чувар на логорот од 1942 до 1945 година во Заксенхаузен, каде што беа затворени околу 200.000 луѓе, а 20.000 беа убиени.

Додека бројот на осомничени за нацистички злосторства се намалува обвинителите сѐ уште се обидуваат да ги изведат поединците пред лицето на правдата. Едно значајно осудување во 2011 година го отвори патот до повеќе обвиненија бидејќи работата во концентрационен логор за првпат беше означена како вина без доказ за одредено кривично дело. (Ројтерс)