Буш за Меркел: „Жена со принципи и големо срце“


Поранешниот претседател на САД, всушност, повеќе не дава интервјуа. Но Џорџ Буш помладиот прави исклучок за канцеларката во заминување Ангела Меркел- спроти нејзината проштална посета на Вашингтон. Имотот на семејството Буш се наоѓа на Атлантикот, во близина на Кенебункпорт, на два часа возење северно од Бостон. Додека нашиот снимател во дневната соба ги поставува камерите […]

Активиран механизмот за цивилна заштита на ЕУ за поплавите во Белгија


Европската комисија најави утрово дека се активира европскиот механизам за цивилна заштита за да и се помогне на Белгија со поплавите поради кои до сега две лица најмалку го изгубија животот, јави дописничката на МИА од Брисел. Цивилниот механизам за заштита на ЕУ е механизам кои им овозможува на земјите членки на ЕУ и земјите […]

Латвија воведува задолжителна вакцинација во здравството и образованието


  Латвиската влада во средата одлучи вакцинацијата против Ковид-19 да биде задолжителна за вработените во здравството, образованието и социјалните служби. Исто така, членовите на владата се сложија во останатите сектори од 1 октомври да може да се отпуштаат работници кои не се вакцинирани. Но, тоа ќе стапи на сила дури откако одлуката ќе ја усвои […]

Две мртви тела пронајдени во некогашната вила на Версаче


Безживотни тела на двајца мажи беа пронајдени во хотел на Флорида (САД), којшто некогаш беше вила во сопственост на модниот дизајнер Џани Версаче. Собарка ги пронашла телата. Полицијата во Мајами Бич започна истрага. Причината за смртта, мотивите и идентитетот на жртвите сѐ уште не се откриени. Инаку, денеска се одбележува 24-годишнината од убиството на модниот […]

Огромен пожар во Орегон, луѓето бегаат


  Голем шумски пожар во сојузната држава Орегон уништува сѐ пред себе, а досега опожарени се повеќе од 80.000 хекрати земја, што натера стотици луѓе да избегаат од своите домови, објави Мегуагенцискиот координациски ценар во Портланд, јанголемиот град во Орегон. „Ова ми е прв шумски пожар кој сум го доживеала и тоа е застрашувачко. Не […]

Најмалку четворица загинати и над 50 исчезнати во поплавите во Германија


Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во Германија, а околу 50 лица се водат како исчезнати откако шест куќи во регионот Ајфел се урнаа поради поројните дождови и поплавите. Портпарол на полицијата во Кобленц потврди дека четири лица го загубиле животот. Нивните тела биле пронајдени на разни места. Други 25 куќи се […]

Во Летонија задолжителна вакцинација против Ковид-19 за вработени во образованието и во здравствените установи


Летонија – Летонската влада одлучи да ја направи вакцинацијата против  Ковид-19 задолжителна за вработените во образованието и здравствените установи, јави ДПА. Од октомври, вработените во медицински, јавни и образовни институции ќе треба да покажат потврда за вакцинација против Ковид-19. Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври, според новите […]

Ендру Стролајн: Однесувањето на ЕУ кон патентите за вакцини е неоколонијално


Белгија– Хјуман Рајтс Воч, една од највлијателните невладини организации за човекови права, со месеци бара од Европската Унија да ги укине привремено правата на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19, попознато како TRIPS Waiver или суспендирање на патентите, за да им се овозможи на сиромашните земји што поскоро да ја пребродат санитарната криза. Но, ЕУ […]

Американците летово пасош чекаат по три до четири месеци


САД– Aмериканците кои летово планираа да патуваат во странство можеби ќе треба да го одложат доколку им треба нов пасош или продолжување на постојниот.Стејт департментот објави дека чекањето за пасош е од 12 до 18 недели, дури и ако се плати забрзана постапка. Таквото долго чекање е несакан ефект поради пандемијата на коронавирусот, што предизвика […]

ОН предупредува дека милиони деца во светот не примиле задолжителни вакцини поради пандемијата


Швајцарија– Околу 23 милиони деца ширум светот ја пропуштија задолжителната вакцинација во 2020 година – 3,7 милиони повеќе отколку во 2019 година и најмногу од 2009 година, според податоците објавени од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, јави ДПА. Повеќето земји забележаа пад на задолжителните вакцини за деца минатата година. До 17 милиони деца веројатно не […]

МИ-5 ги предупредува Британците да бидат внимателни поради активности на руски и кинески агенти


Англија– Директорот на британското контраразузнавање МИ-5 Кен Мекалум предупреди дека населението во земјата треба да биде исто толку будно за заканата од шпионажа од Русија и Кина, како и од тероризмот. Тој рече дека странски шпиони се обидуваат да украдат технологија, да сеат раздор и да нападнат инфраструктура. Растечката агресија на постсоветска Русија и подемот на […]

ЕМА: Две дози вакцина против делта варијантата на корона вирусот


Потребни се две дози на вакцина за  заштита од делта варијанта на корона вирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА). Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта делта забрзано се шири низ целиот свет. „Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина […]

До крајот на август, 90 отсто од случаите со Ковид-19 во ЕУ ќе бидат од сојот Делта


До крајот на август, околу 90 проценти од сите нови случаи на коронавирусот во ЕУ ќе бидат од сојот Делта. Ова беше објавено денеска во заедничката изјава на Европската агенција за лекови и Европскиот центар за превенција и контрола на болести. „Варијантата Делта е загрижувачка бидејќи таа брзо се шири низ цела Европа и може […]

Буш: Повлекувањето на војската од Авганистан е грешка


Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците. – Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка … Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми […]

Холандија – На техно забава не можеа без ковид сертификат, а десет дена подоцна заразени речиси илјада млади


Многу љубители на техно и хаус музика се заразиле масовно на фестивалот Веркнипт во Утрехт   Фестивалот Веркнипт во Утрехт, што се одржа помеѓу 3 и 5 јули, се претвори во ново жариште за корона вирусот. За да влезат на фестивалот, посетителите требаше да достават потврда за вакцинација, дека закрепнале од корона вирусот или со […]

(Видео) Бура во Баварија: Поплавени подруми, луѓето бегаа од дома


Во Баварија во округот Хоф, прогласена е вонредна состојба поради силна бура проследена со грмотевици и обилни дождови. Баварскиот Црвен крст јави дека итните служби не можеле да одговорат на сите повици со оглед на тоа што голем број луѓе повикале помош. Но, додаваат дека ќе дадат сѐ од себе да стигант секаде каде што […]

Новата „феминистичка“ влада на Шпанија почна со работа


Новиот „феминистички“ кабинет на Шпанија официјално започна со работа по реконструкцијата на премиерот Педро Санчез, а на врвот на агендата беше економското закрепнување. Санчез во саботата претстави темелна реконструкција на кабинетот, заменувајќи ги министрите од тешка категорија во областите за надворешни работи и правда, истовремено зголемувајќи ја застапеноста на жените и намалувајќи ја просечната возраст […]

Светот врие, демонстрации со жртви на Куба и во ЈАР, на Авганистан му се заканува граѓанска војна


Со повлекувањето на меѓународните сили од Авганистан, насилството е во пораст, а талибанците напредуваат, на Куба со денови се организираат протести против комунистичкиот режим, а во Јужноафриканската Република досега загинаа 72 луѓе, по протестите кои избија поради затворањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума. Еден маж загина, а неколку граѓани и припадници на безбедносните сили се […]

Инфекциите во САД забрзано растат, се удвоија за две недели


Кривата на Ковид-19 во САД повторно се искачува по неколкумесечен пад, со бројот на нови случаи на ден двојно зголемен во последните три недели, водени од брзо-ширената Делта варијанта, забавувањето на вакцинацијата и собирите на 4 јули. Потврдените инфекции се искачија во просек на околу 23.600 на ден во понеделникот, од 11.300 на 23 јуни, […]

Во Холандија пораст на случаите со корона за 500 отсто


Утрово од Холандија се појави вест која е загрижувачки знак за тоа што може да и во другите земји. „Скај њуз“ известува дека: Холандија забележа огромен пораст на случаи со Ковид-19 откако ги укина речиси сите преостанати ограничувања и повторно ги отвори ноќните клубови кон крајот на јуни. Ноќните клубови се затворени повторно најмалку до […]