Во Германија 81 жртва во поплавите


Бројот на луѓе кои го загубија животот во големите поплави во западниот дел на Германија се зголеми на најмалку 81, јави германскиот радиодифузер АРД. Околу 1.300 лица се водат за исчезнати во областа Ахрвејлер јужно од Келн, соопшти окружната влада на Фејсбук. Мобилните телефонски мрежи не функционираат во некои од поплавените региони, што значи дека […]

Кредибилитетот на ЕУ како глобален актер е поткопан од нејзиниот застој на процесот на проширување


Процесот на проширување на ЕУ е во застој во текот на последната деценија и се чини дека има малку изгледи за некоја од сегашните земји-кандидати да обезбеди пристап во блиска иднина. Неуспешната агенда за проширување на ЕУ ќе има значителни импликации врз довербата на ЕУ како глобален играч, особено со оглед на тоа што другите […]

Студија: Младите можат да имаат сериозни оштетувања на органите по прележан Ковид-19


Англија- Според истражување спроведено  од седум универзитети во Велика Британија, младите хоспитализирани поради Ковид-19 се во подеднаква можност да им се искомплицира здравствената состојба како и на луѓето постари од 50 години. Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрезите, белите дробови и другите органи за време на […]

Ајфеловата кула отворена по неколкумесечно затворање


Франција– Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци затворање како дел од епидемиолошките ограничувања.Влезниците се распродадени на интернет. Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19. Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна […]

Црна статистика за Бразил во 2020 година – Убиство на секои десет минути


Бразил– Рестриктивните мерки поради коронавирусот во Бразил не успеаја да ги запрат убиствата во земјата. Според последниот Годишен извештај на бразилските власти за 2020 година, има дури и зголемување од 4,7 отсто во споредба со претходната година. По две години во кои бројките се намалија, во последните 12 месеци има зголемување на бројот на насилни […]

СЗО: За една недела во Африка за 43 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19


Швајцарија– Смртните случаи поврзани со коронавирусот во Африка се зголемија за 43 проценти за само една недела, соопшти Светската здравствена организација, јави ДПА. – Зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 е најбрзо што е регистрирано на континентот, рече регионалниот директор на СЗО, Мачидисо Моети. Недостатокот на машини за кислород и слободните  места во единиците за […]

Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес поради зголемен број заразени со Ковид-19


САД- Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес, каде здравствените работници се борат со алармантно зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од многу заразна варијанта Делта на коронавирусот Лос Анџелес, каде живеат 10 милиони луѓе еден од неколкуте окрузи каде властите неодамна препорачаа или наредија носење маски и други мерки против пандемијата. Одделот за […]

Бајден и Меркел во Вашингтон разговараа за соработката, но и за разликите


САД– Претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, во Вашингтон разговараа за односите меѓу двете земји, пред се за разликите околу гасоводот „Северен поток 2“ и ставовите кон Кина. За време на краткиот состанок со новинарите, и Бајден и Меркел се обидоа да ги намалат постојните разлики, јавија американските медиуми. Бајден рече дека […]

Во Британија најмногу заразени од јануари, починаа 63 пациенти


  Денеска во Велика Британија регистрирани се 48.553 нови случаи на зараза со корона вирус, што е највисока бројка во еден ден од почетокот на годината. Претходно најмногу заболени се регистрирани на 15 јануасри, со 55.761 нови случаи, пишува Скај њуз. Британија евидентира уште 68 смртни случаи поврзани со Ковид-19 денеска, а тоа е најголем […]

Русија: Пишуваш против Путин, добиваш забрана за работа


Истражувачкиот медиум „проект“ е забранет во знак на одмазда затоа што објави засрамувачки информации за претседателот и врвни функционери на Кремљ   Војната на Кремљ против независното новинарство во Русија ескалира откако истражувачкиот медиум „Проект“ беше забранет во чин на одмазда за серија длабоко засрамувачки откритија за Владимир Путин и врвни официјални лица на Кремљ. […]

Шокантни слики од поплавите во Германија и Белгија, над 60 загинати


Климатските промени го носат својот данок. Бесните порои предизвикани од големи дождови за многу кусо време се незамисливи за Германија и Белгија. Никој точно не знае колку жртви ќе има   БЕРЛИН – Повеќе од 60 лица загинаа, а десетици се водат за исчезнати во четвртокот, откако силните поплави во Германија и Белгија ги претворија […]

Стејт департментот нуди до 10 милиони долари за информации за хакерски напади


Стејт департментот ќе понуди награди до десет милиони долари за информации кои би довеле до идентификување на лица вклучени во злонамерни хакерски активности, поддржани од други држави. Наградата се однесува и на таканаречените ренсомвер напади, односно на лица кои со хакерски напади врз важна американска инфраструктура блокираат пристап до податоци сè додека не се плати […]

Трамп демантира дека планирал државен удар доколку победи Бајден


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во САД доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во 2020 година. – И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар, напиша […]

СЗО предупредува на опасност од појава на поопасни мутации на корона вирусот


Комитетот за итна помош за Ковид-19 при Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди меѓународната заедница дека најверојатно ќе се појават и ќе се шират нови, поопасни мутации на коронавирус низ светот. Тоа е соопштено на брифинг во Женева од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ги информираше новинарите за препораките на комитетот на […]

Полицијата со солзавец ги растеруваше француските антиваксери


Демонстрации на Денот на Бастиља во Франција против наметнатите мерки за борба против ширењето на Ковид-19, особено неодамнешното соопштение во кое се наведува дека здравствени пропусници ќе бидат потребни за да се користат одредени  услуги и дека вакцините ќе бидат задолжителни за здравствените работници. Демонстранти се собраа во Париз и во повеќе други градови низ […]

Русија не планира да ги одобри странските вакцини против Ковид-19


Русија– Кремљ денеска ја отфрли идејата за одобрување странски вакцини против Ковид-19 во Русија, иако властите се трудат да ги поттикнат сонародниците, кои имаат сомнеж кон руските производи, да се вакцинираат. – Имаме наши вакцини, ги имаме четири, зарем тоа не дава можност за избор?, праша портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред новинарите. Тој […]

Најмалку 42 мртви во поплавите во Германија; „Ваква катастрофа не сме доживеале“


  Бројот на жртви во поплавите кои ноќеска погодија големи делови од западна Германија, се искачи на 42, објави полицијата, пренесе АФП. Бројот може да се зголеми со оглед на тоа дека многумина се водат како исчезнати. Многу делови од западна Германија, поради шестокото невреме и обилните дождови, што ноќеска ги зафати, останаа отсечени од […]

Како да се заштитиме од Делта сојот: Се огласи ЕМА – вака стојат работите со третата доза


Европската агенција за лекови (ЕМА) во својот извештај денес наведува дека не постои препорака за употреба на третата доза на вакцината, и дека сите четири вакцини одобрени во ЕУ во препорачаните дози се ефикасни против Делта-сојот на вирусот . За време на редовната неделна прес-конференција, ЕМА нагласува дека ги следи мутациите на вирусот и нивното […]

Милиони деца ги пропуштија редовните вакцини поради пандемијата од корона


Околу 23 милиони деца, лани ја пропуштија редовната вакцинација против детски болести, како дифтерија, тетанус и други, покажуваат податоците од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Тоа се 3,7 милиони деца повеќе кои ја пропуштија вакцинацијата за разлика од 2019 година, истакнуваат од СЗО и УНИЦЕФ. Податоците покажуваат дека падот на бројот на вакцинирани деца е […]

 Почина познатиот холандски новинар кој беше застрелан во главата пред десет дена


Холандскиот новинар Питер Р. де Врис, 64, почина во болница во вторникот, седум дена откако беше застрелан на улица во Амстердам. Според локалните медиуми, Врис починал во присуство на неговото семејство, пренесе Блиц. – Ние сме исклучително горди на него, а во исто време сме неутешни – се наведува во соопштението на неговите роднини. Да […]