Борел: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е критична


Босна и Херцеговина и Украина ќе бидат најгорливите теми на денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, пред почетокот на состанокот порача дека Босна и Херцеговина ќе биде една од најважните теми за министрите за надворешни работи на ЕУ денеска. -Босна и […]

Трамп си направи своја социјална мрежа


 Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social), развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во „Апстор“ (AppStore) од денеска – 21 февруари. Креаторите на „Трут сошл“ ја лансираат социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари. Последните […]

Белата куќа „во принцип“ согласна за средба Бајден – Путин, но само „доколку не се случи инвазија“.


Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласија за самит за Украина, со што најверојатно е можен пат за излез од една од најопасните европски кризи во изминатитеите децении. Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон објави во соопштение дека тој им предложил на двајцата лидери самит за „безбедноста и стратешката стабилност […]

Доминиканската Република гради ѕид на границата со Хаити за да спречи нерегулирана миграција и шверц


Доминиканската Влада почна да гради ѕид долг 392 километри што ќе покрива повеќе од половина од границата со Хаити, неговиот единствен копнен сосед, со цел да спречат нерегулирана миграција и шверц на стоки, оружје и дрога. Во првата фаза целта е најдоцна за девет месеци да се изгради ѕид од 164 километри. Бетонскиот ѕид со […]

За Велика Британија ветувањата на Путин кон Макрон се добредојден знак за Украина


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ветувањата на рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон се добредојден знак дека тој сепак е подготвен да се вклучи во изнаоѓање дипломатско решение за украинската криза. Според Даунинг стрит, Џонсон разговарал со Макрон по неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин и во соопштение се наведува […]

Си-Ен-Ен: САД имаат нови докази за претстојниот руски напад врз Украина


САД располагаат со разузнавачки информации кои укажуваат дека на руските воени команданти им е наредено да извршат напад врз Украина, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на две официјални лица и трет извор со информации од американското разузнавање. Разузнавањето за наредбите на Кремљ до руските тактички команданти и оперативци е еден од показателите што САД ги следат […]

Вонреден состанок на ОБСЕ поради Украина


Полска свикува вонреден состанок на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) поради честите гранатирања во Донбас, објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачински. „На барање на претставништвото на Украина во ОБСЕ, ќе свикам вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ“, напиша Халачински на Твитер. Тој ги покани специјалниот […]

САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради опасност од напади


Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата. „Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите […]

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд. Епицентарот на потресот бил во близина на градот Бленхајм на Јужниот Остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. 

Вежби на армиите на САД и на Полска во близина на границата со Украина


Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак. – Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија, напиша Блашчак на Твитер. […]

Бројот на настрадани во поплавите во Бразил се искачи на 152


  Бројот жртви во поплавите и лизгањето земјиште во брзилскиот град Петрополис по обилните дождови се искачи на 152, соопштија властите. Спасувачите и жителите продолжуваат со потрагата по исчезнатите со бушење во калта, во суровата тишина на градот со 300.000 луѓе на југоистокот на земјата, кој бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го опиа како воена зона. […]

Силен земјотрес ги погоди Филипините


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и […]

САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е […]

Германија, од крајот на март, од мерки ќе има само носење маски


По 20 март, во Германија ќе престанат да важат повеќето мерки на ограничување поради корона вирусот, со исклучок на носењето маски. Германија во однос на другите европски земји релативно добро помина низ последниот бран од пандемијата, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој рече дека релаксацијата на мерите во Германија планирано е да се одвива во […]

Елисејска палата: Макрон и Путин за дипломатско решение


Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот руски колега Владимир Путин денеска се договорија да дозволат во наредните часови да се одржи состанок на работната група со цел да се постигне примирје во Украина, соопшти Елисејската палата. Путин и Макрон во телефонскиот разговор силно се обврзаа да ги преземат сите корисни активности за, како што наведува […]

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен прекин на огнот


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски повика денеска на итен прекин на огнот во источниот дел на земјата, каде во изминатите денови се интензивираа судирите меѓу проруските и украинските сили. Тој, исто така, нагласи дека Украина ги поддржува мировните преговори во рамки на Трилатералната контакт група (ТЦГ), каде Украина учествува заедно со Русија и Организацијата за […]

Полска свикува вонредна седница на Постојаниот совет на ОБСЕ поради Украина


Полска, која моментно претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), денеска најави дека ќе свика вонредна седница на Постојаниот совет на таа организација поради ситуацијата во Украина. Украина побарала седницата да се одржи утре, се наведува во писмото што на Твитер го објави постојаниот претставник на Полска во ОБСЕ, Адам Халачинские. Западните […]

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина


На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира. Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф. „Се чини дека руските […]

Уште една трагедија во семејството на Берни Медоф, организаторот на една од најголемите финансиски пирамиди во светот


САД- Сестрата на покојниот осуден финансиер Берни Медоф починала, заедно со нејзиниот сопруг, во она што се истражува како можно убиство-самоубиство, според извештајот. Сондра Винер имаше 86 години. Таа и нејзиниот сопруг Марвин Винер беа пронајдени мртви во нивниот дом во Флорида во четвртокот и истрагата беше во тек, објави BocaNewsNow.com во саботата вечерта, цитирајќи […]

Луфтханза и АУА ги прекинуваат летовите за Киев и Одеса


Австрија– Австриската авиокомпанија АУА соопшти дека од утре ќе ги прекине летовите кон Киев и Одеса, а одлуката ќе важи до крајот на февруари. Летовите до Лавов ќе продолжат и во моментов АУА лета на таа линија три пати неделно. АУА нагласува дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет и оти состојбата во Украина […]