Киев се претвара во тврдина, запрено напредувањето на руските сили


Украинските вооружени сили работат на зајакнување на третата линија на одбраната на главниот град Киев, изјави Олександар Хрузевич, заменик-началник на Генералштабот на Командата на копнените сили на  Украина, на брифинг во Украинскиот медиумски центар.

„Киев е главната стратешка цел на нашиот непријател. Окупаторите, спротивно на нивните очекувања, не можеа да го заземат главниот град за три дена. Од денес, на десниот брег на Киев, непријателот е запрен на речиси 70 километри оддалеченост, што го оневозможува напаѓањето,освен со ракети. На левиот брег на Киев напредувањето е запрено исто така, но руските сили пукаат во нашите инфраструктурни објекти. Украинските вооружени сили работат на зајакнување на третата, далечна одбранбена линија“, рече Олександар Хрузевич.

Околу главниот град оперира и систем за воздушна одбрана, при што многу прокетили се пресретнуваат но потоа некој од нив паѓаат врз градот и ја оштетуваат неговата инфраструктура.

 Според извештајот на градската државна управа на Киев, бројот на загинати во главниот град е  222 лица, од кои 60 се цивили, а 4 деца. Оштетени се и 36 станбени објекти, 6 училишта и 4 градинки.

Првиот заменик-шеф на градската државна управа на Киев додаде дека јавниот превоз и метрото во Киев работат, иако многу станици служат како засолништа за бомби. Градот е снабден и со гас, вода и светлина.

„Бизнисите продолжуваат со работа. Најпрво, оние што се најбарани. Во моментов, 55 мини-маркети се обновени за да им се обезбеди на луѓето што е можно повеќе храна. Неопходно е да се направи сè пред полициски час“ – нагласи тој. Продолжува и образовниот процес преку онлајн настава заради што голем број засолништа за бомби добија пристап до Интернет.

Зачувувањето на историските споменици останува проблем за главниот град, бидејќи  станува збор за илјадници години стари цркви и градби.