Почна масовно протерување на руските дипломати во Европа


Летонија, Естонија, Литванија и Бугарија најавија протерување на вкупно дваесет руски дипломати. Ова го објави латвискиот министер за надворешни работи Едгар Ринкевич на Твитер, како и министерствата за надворешни работи на Естонија, Литванија и Бугарија на нивните веб-страници.

Ринкевич го објасни протерувањето на тројцата вработени во руската амбасада како „активности спротивни на нивниот дипломатски статус“. Литванија објави дека протерува и четворица вработени во руската дипломатска мисија „за активности кои не се во согласност со дипломатскиот статус“.

Рајн Тамсар, заменик-канцелар за политички прашања на Естонија, рече дека активностите на тројцата вработени во руската дипломатска мисија „се контрадикторни со Виенската конвенција за дипломатски односи“.

„Сите тројца земаа директно и активно учество во поткопувањето на безбедноста на Естонија и ширењето пропаганда што ги оправдува руските воени дејствија“, соопшти естонското Министерство за надворешни работи.

Бугарија прогласи десет руски дипломати за персона нон грата. Министерството за надворешни работи на земјата соопшти дека нивните активности се во спротивност и со Виенската конвенција. Руската амбасада во Бугарија вети дека ќе даде „соодветна оценка и реакција адекватна на новиот дух на билатералните односи“.

Претходно денеска Јапонија, Австралија и Нов Зеланд воведоа нови санкции против Русија во врска со она што се случува во Украина. И некои руски функционери и голем број компании паднаа под ограничувањата.