Шок за унионистите во Северна Ирска – на изборите победи Шин Фејн


  Се чини дека Шин Фејн е на пат да стане најголемата партија во собранието на Северна Ирска, што претставува симболичен пробив за ирскиот национализам, според нецелосните изборни резултати во петокот. Проекциите го ставаат Шин Фејн пред Демократската унионистичка партија (ДУП). Доколку се потврдат во конечните резултати, тоа ќе ѝ овозможи на партијата да испише […]

Загинати и повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана 


Kуба – Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во експлозијата во хотелот “Саратога“, во центарот на кубанската престолнина Хавана, соопшти кубанската влада на Твитер, пренесе Тасс. Фасадата на хотелот со „5 ѕвезди“, што има 96 соби, два ресторани и базен на покривот, беше сериозно оштетена од експлозијата во 11 часот по локално време (15 […]

Конзервативците претрпеа пораз на локалните избори во Британија, нови проблеми за Џонсон


  ЛОНДОН – Конзервативците на Борис Џонсон ја загубија контролата врз клучните совети во Лондон и јужна Англија, додека Лабуристичката партија тврди дека локалните избори претставуваат „пресвртница“. Локалните избори ќе се гледаат како лакмусов тест за лидерството на Џонсон на средината на парламентарниот мандат додека тој се бори со кризата со трошоците за живот и […]

Руска фрегата погодена од ракета во Црното Море


  Руски воен брод „Адмирал Макаров“ е погоден од украинска ракета „Нептун“ во Црното Море и е тешко оштетен, се наведува во непотврдена информација на локална веб-страница во Одеса. Во извештајот на „Думскаја“, кој нашироко го презедоа украинските медиуми, се вели дека „Макаров“ бил погоден во близина на Змискиот остров и руски спасувачки бродови испловиле […]

Легендарниот архитект Фостер ќе помогне во реконструкцијата на Украина


  ЖЕНЕВА – Познатиот британски архитект Норман Фостер ќе помогне во планирањето на реконструкцијата на Украина од уништувањето предизвикано од руската инвазија, изјавија официјални лица во петокот додека ја изложија работата на работната група на Обединетите нации што го координира проектот. Харков, вториот по големина град во Украина, кој беше погоден од руско бомбардирање, ќе […]

ФАО: Од Украина досега „исчезнале“ околу 700.000 тони жито, има индиции дека го украле руските сили


Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) денеска соопшти дека околу 700.000 тони жито „исчезнале“ во Украина и дека постојат индиции дека е украдено од руските сили. Џозеф Шмидхубер, заменик директор на Одделот за пазари и трговија на ФАО, во Женева изјави дека има „непроверени докази“ дека руски војници ограбиле жито од магацините што […]

Кремљ упорен: „Воената операција во Украина се одвива според планот“


Спротивно на оценките на многу меѓународни експерти, Кремљ изрази задоволство од она што го направи неговата војска во Украина повеќе од 10 недели по почетокот на војната, јави ДПА. – Операцијата се одвива според планот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска во Москва. Инвазијата на соседната земја, која по наредба на рускиот претседател Владимир Путин почна […]

Украински професор држи часови на студентите од ров


Професорот на Универзитетот Ужхород, Ферид Шандор, им предава на студентите од рововите. Сега неговата единица е на истокот на Украина, но професорот наоѓа време да им одржи предавање на студентите. Тој вели дека борбената должност трае цел ден и дека мора да биде на позиција на секои четири часа. „Кога имам часови земам ноќни смени, […]

Зеленски на Самитот на Г7 во недела


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела на онлајн самитот им се придружи на лидерите на Г7 за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на германската Влада, пренесе ДПА. Самитот се одржува на историски ден, рече портпаролот, додека на 8 мај нациите ширум светот го слават крајот на Втората светска војна во Европа […]

Првото печатено издание на Новаја Газета излезе надвор од Русија


Печатеното издание на познатиот весник Новаја Газета, кој е критичар на Кремљ, денеска излезе во европска верзија и тоа во Летонија, јави ДПА. Новиот весник, наречен Новаја Газета Европа, го издаваат уредници на весникот кои побегнале во странство во соработка со летонска издавачка куќа. Весникот е испечатен и на руски и на летонски и опширно […]

Шангај го стави под контрола најлошиот бран на Ковид-19


Кина – Шангајските власти соопштија дека ефикасно го контролираат најсилниот бран на Ковид-19, по едномесечен „локдаун“ на речиси 25 милиони луѓе. Тие ветија дека ќе успеат во намерите да спроведат „Нулта ковид“ стратегијата независно економските последици. Бројот новозаразени во финансискиот центар на Кина е во постојан надолен тренд од 22 април, прецизираше заменик-градоначалникот на Шангај, Ву […]

Гори руска фрегата кај Змискиот Остров


На социјалните мрежи се појавија сѐ уште непотврдени извештаи дека кај Змискиот остров во Црното море гори руски воен брод. Профилот LiveUaMap, кој ги следи судирите во украина во реално време, објави дека наводно гори руската фрегата “Адмирал Макаров“. Се наведува дека во тек е акција за спасување. Над фрегатата летаат повеќе воздухоплови, а во […]

Уште два големи пожара во Русија


Во Русија денеска избувнаа два големи пожарa. Првиот се случи на железничка станица во близина на Нижни Новгород и зафати површина од 2.500 квадратни метри. Причина за пожарот е палењето на цистерна со разредувач, јавуваат руските медиуми. Во гаснењето учествувале 55 пожарникари и 17 возила. Вториот, уште поголем, избувна на пазарот Викалина во Владикавказ. Зафати […]

Економските загуби од војната во Украина достигнале до 600 милијарди долари


Украинскиот премиер Денис Шмигал вчера пред медиумите изјави дека прелиминарните економски загуби од војната се проценети на околу 600 милијарди долари, нагласувајќи дека повеќето од загубите треба да бидат покриени со пари на агресорот. – На Украина и требаат меѓу четири и пет милијарди долари месечно само за да го покрие буџетскиот дефицит, рече тој. […]

СЗО предупредува на влијанието на војната и пандемијата врз менталното здравје во Европа


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на влијанието на војната во Украина и на пандемијата на коронавирусот врз менталното здравје во Европа, нагласувајќи ја важноста на дејствување на сите нивоа за справување со запоставените потреби за одржување на менталното здравје. „Нашиот регион претрпува големи пресврти и промени. Пандемијата стави фокус врз менталното здравје додека вооружениот конфликт […]

Масовната мобилизација може да биде фатална грешка на Путин


 Актуелна тема деновиве се плановите на рускиот претседател Владимир Путин околу прославите на Русија за Денот на победата в понеделник. Според Украина, тој ќе ја искористи годишната комеморација на победата на Советскиот Сојуз врз нацистичка Германија за да соопшти масовна мобилизација на неговите резерви, пишува Скај Њуз. Независниот истражувач и експерт за Русија, Камил Галев […]

Русија загубила уште еден брод во Украина


Генералштабот на  Украина извести дека Русија изгубила уште еден брод. Пратеник од Одеса и локалните медиуми тврдат дека станува збор за патролниот брод на руската морнарица „Адмирал Макаров“, фрегата од класата „Адмирал Григорович“. Веста сепак не е се уште потврдена.

Украина: Уште речиси 500 цивили евакуирани од Мариупол (ВИДЕО)


 Уште речиси 500 цивили се евакуирани од Мариупол, откако започна операцијата предводена од Обединетите Нации (ОН), вклучувајќи и лица од опколената фабрика за челик Азовстал, јави Би-Би-Си. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак ја нарече евакуацијата „комплексна операција“ и нагласи дека Украина ќе продолжи да прави сè што може „за да ги спаси […]

Зеленски покрена платформа за помош на Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски започна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата. – Со еден клик можете да донирате средства за заштита на нашите бранители, спасување на нашите цивили и обнова на Украина, истакна Зеленски, најавувајќи го покренувањето на […]

Во Мексико убиен новинар, деветто убиство на медиумски работник оваа година


Телото на убиениот новинар Луис Енрике Рамирез Рамос е пронајдено во северниот дел на Мексико. Тој е деветти новинар убиен во Мексико оваа година, поради што државата спаѓа меѓу најопасните места за медиумските работници надвор од воените зони. Локалната полиција соопшти дека неговото тело било пронајдено на пат во државата Синалоа. Порталот за кој работеше […]