Грузија ја затвори границата со Русија


Грузија привремено ја затвори границата со Русија, поради обилни дождови, свлечишта и оштетувања на патот кој ги поврзува двете земји во планинскиот регион.

„Поради вонредна состојба, сите процедури на царинската контрола се суспендирани“, соопштија од наплатната служба ма граниќните контролни пунктови.

Обилни дождови и излевање на реките оштетија дел од патот кој ги поврзува Грузија и Русија, пренесе Ројтерс.

Меѓу Грузија и Русија во планинското поднебје постои само еден официјален премин на границата во должина од 900 километри каде главно се одвива товарниот сообраќај.

Граничниот премин ќе биде повторно отворен откако ќе се поправи аптот и временските прилики ќе го дозволат тоа.