Г7 вети дека ќе остане со Украина „колку што е потребно“


 

Групата на седум најразвиени демократии Г7 објави соопштение за Украина. Еве ги главните пеонти:

  • Г7 „ќе продолжи да обезбедува финансиска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка и да стои со Украина онолку долго колку што е потребно“.
  • Повторување на осудата на руската „неоправдана употреба на нуклеарна реторика“.
  • Украина мора да одлучи за нејзиното идно мировно решение, „без надворешен притисок или влијание“.
  • Загриженост по најавата на Русија дека може да пренесе ракети со нуклеарни капацитети во Белорусија.
  • Ќе продолжат напорите за обезбедување на Украина со воена и одбранбена опрема.
  • Г7 е подготвена да постигне договори со заинтересираните земји и Украина за одржливи безбедносни обврски.
  • Повикување за „итно враќање“ на украинските државјани однесени насилно во Русија без нивна согласност.
  • Ветување дека ќе се обезбеди „безбеден премин“ за украинските државјани и за насочување на имиграцијата и визите.
  • Нема неказнивост за воени злосторства и други злосторства.
  • Русија мора да престане со нападите врз земјоделската инфраструктура и да престане да ги блокира бродските рути.
  • Русија сноси „огромна одговорност“ за глобалната несигурност во храната.
  • Г7 вети „координирани иницијативи“ кои промовираат глобална безбедност на храната.