УНИЦЕФ: Над пет милиони деца од Украина имаат потреба од хуманитарна помош
Повеќе од пет милиони деца од Украина имаат потреба од хуманитарна помош поради војната во земјата, тврди УНИЦЕФ. Во самата Украина, на околу три милиони деца им треба поддршка по руската инвазија. Околу 2.2 милиони малолетници, кои побегнале во други земји поради конфликтот, исто така имаат потреба од хуманитарна помош, се наведува во денешното соопштение […]