Руска ракета погоди зграда во Одеса, 18 мртви, меѓу нив две деца


 

Две деца се меѓу 18-те загинати во ракетниот напад на Одеса, објави регионалниот гувернер Максим Марченко.

„Како резултат на ноќен ракетен напад од стратешки авион ‘Ту-22’ од Црното Море во областа Белгород-Днестар во регионот Одеса, три ракети ‘Х-22’ погодија станбена зграда и рекреативен центар. До 9 часот, идентификувани се 18 жртви, меѓу кои две деца, а хоспитализирани се 31 лице, од кои четири деца и една трудница. Други 8 лица побарале медицинска помош. Од урнатините се спасени 8 лица, меѓу кои 3 деца. Спасувачката работа продолжува“, објави Марченко на Телеграм.