ЕУ го стега обрачот на санкции околу руските олигарси


 

Европската Унија се ближи до договорот за заплена на имот на руските олигарси кои и заобиколуваат санкциите и ги дефинира таквите обиди како кривични ела.

Постојаните претставници на членките на ЕУ во Брисел се согласија на предлогот прикривањето на имотот на олигарсите да биде казниво на ист начин како секаде во Унијата.Тоа вклучува и пропишување казни, пренесе ДПА.

Франција, која во првата половина од оваа година претседава со Советот на ЕУ, соопшти во средата дека за примена на договорот потребна е само согласност на Европскиот парламент.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, кон крајот на мај предложи проширување на списокот кривични дела, оценувајќи дека руските олигарси на мета на санкциите пречесто успеваат да ги избегнат санкциите.

Така, на пример, јахтите ги префрлаат во меѓународни води или имотот го препишуваат на некој кој не е на списокот на ЕУ.

Тоа можеа да го прават затоа што заобиколувањето на санкциите не е казниво во сите членки, туку, според зборовите на комесарот за правосудство на ЕУ, Дидие Рејндерс, во само 12 од 27 членки.