Украинските борбени роботи се приклучуваат на борбата против руската инвазија


Украинските сили добиваат нов помошник, локално направен роботски извидник на бојното поле наречен ГНОМ („Гном“). Малата машина скришум ќе ги извидува руските позиции и ќе обезбеди огнена поддршка со митралез, според нејзиниот производител, компанија наречена „Темерланд“, со седиште во Запорожје. Гномови наспроти „Orcs“ можеби звучи како фантазија, но првите роботи ќе стапат во употреба следната […]

Песков: Русија и Турција договараат црноморски коридор за украинското жито


Руското Министерство за одбрана ќе разговара со Турција за формирање на црноморски коридор за извоз на украински житарици, објави синоќа Тасс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Претседателот Владимир Путин не планира да учествува во разговорите, рече Песков. Турска воена делегација оваа недела ќе отпатува во Русија за да разговара за деталите за формирање […]

Макрон одржа серија средби со челниците на опозицијата, разговорите продолжуваат и денеска


Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со лидерите на главните опозициски политички партии кои би можеле да формираат парламентарни групи во собранието по изборите одржани во неделата. Во текот на вчерашниот ден, како и денеска тој одржува серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на […]

Во САД почна вакцинацијата против Ковид-19 на деца постари од шест месеци


САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за Ковид-19, доктор Ашиш Јха. Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината на Модерна во две дози за младите на возраст од шест месеци […]

Шефот на италијанската дипломатија Ди Мајо го напушта „Движењето пет ѕвезди“ и формира своја партија


Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо вчера изјави дека го напушта „Движењето пет ѕвезди“ за да формира нова парламентарна партија, поддржана од премиерот Марио Драги. Ди Мајо се одлучи на овој потег откако го обвини лидерот на „Движењето пет ѕвезди“ и поранешен премиер Џузепе Конте дека ја поткопува владината поддршка за Украина и го […]

Гувернер на Харков: Во руско гранатирање убиени се 15 лица, а 16 се повредени


Петнаесет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во руско гранатирање во регионот Харков (североисточна Украина), изјави синоќа Олег Синегубов, гувернер на регионот. – Петнаесет луѓе загинаа, а 16 се повредени. Ова се ужасни последици од руското гранатирање сред бел ден во областа Харков, соопшти Синегубов, додавајќи дека овие лица биле жртви на четири одделни […]

Германија ги испорача ветените хаубици на Украина


Германски самоодни хаубици пристигнаа денеска во Украина, со што Германија за првпат по рускиот напад на 24 февруари испорача тешко оружје. „Благодарам на Германија за испорачаните хаубици“, се заблагодари преку Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Ресников на германската колешка Кристин Ламбрехт. Станува збор за веќе ветените седум самоодни хаубици од типот 2000, кои Германија […]

Украинската армија почна да го користи германските „Панцерхаубици 2000“


  Според министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, екипажите на „Панцерхаубици 2000“ ја завршиле обуката и тие артилериски орудија се веќе на фронтот. „Важно. Ова е шести тип на артилерија од 155 мм што ја зајакнува нашата одбрана“, рече Резников. Украинската војска денеска соопшти и дека извршила напад на Змискиот Остров во Црното Море, […]

Судот на ЕУ: Треба да се ограничи собирањето на податоци за патниците во авиосообраќајот


Собирањето податоци за патниците во авиосообраќајот во Европска Унија поради борбата против криминалот мора да биде ограничено само на неопходно, одлучи Судот на правдата на Европската унија (ЦЈЕУ), повикувајќи се на основните права. Директивата за евиденција на податоци за патници (ПНР), усвоена во 2016 година, им дозволува на полицискиот и судскиот персонал да пристапи и […]

Николај Патрушев: Литванија ќе ги почуствува последиците од блокадата на транспортот на стоки до Калининград


 Официјална Москва наскоро ќе одговори на одлуката на Литванија да го блокира транспортот на стоки од континентална Русија до регионот Калининград, а одговорот ќе нанесе „сериозно негативно влијание врз населението на Литванија, се закани денеска декретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев. – Русија секако ќе одговори на таквите непријателски дејствија. Се разработуваат […]

Во Германија голем недостиг на работници од градежниот, образовниот и здравствениот сектор


 Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW). – Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работни кои бараа работа, се вели во […]

Шолц и Лајен притискаат да се укине консензусот во ЕУ за надворешната политика


  Според сите најави, европскиот самит на 23 и 24 јуни ќе биде значаен не само поради прашањето за проширувањето на ЕУ, можниот кандидатски статус за Украина и Молдавија, можниот датум за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, туку и поради тоа што на масата ќе се расправа за укинување на едногласноста во одлуките […]

Најголем штрајк на британските железничари во последните 30 години


Најголемиот штрајк на железницата во последните 30 години во Велика Британија започна денеска кога десетици илјади работници ги напуштија своите работни места поради спор околу платите, работните услови и работните места. Овој штрајк може да биде почеток на понатамошни акции во индустријата, но и во целата економија во наредните месеци. Штрајкот започна рано наутро и […]

Војната во Украина испровоцира побрза реализација на балтичката пруга


Изградбата на Балтичката железница (Rail Baltice), долга 870километри која би се протегала од Полска преку Литванија, Латвија и Естонија, до Финска, може да добие на замав поради руската инвазија на Украина, велат од компанијата задолжена за реализација на тој проект. Не е потреба, туку обврска „Со оглед дека Русија ни е на границата, реализацијата на […]

Враќањето на Владимир Путин во Кремљ


Кога Путин се врати како претседател по четирите години попминати како премиер тој веќе имаше идеологија, олицетворение на мистичната судбина на големата сила на Русија и сите ограничувања беа исклучени На 7 мај 2012 година, додека поздравот со 30 топови одекнуваше над Москва и полицајците за немири во маскирни униформи ги потиснуваа демонстрантите, г-дин Путин […]

Ван дер Белен: Јагленот е само интервенција поради кризата


Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, изрази разбирање за одлуката на австриската Влада за привремено реактивирање на електраната на јаглен, но кажа дека тоа е само интервенција поради кризата. -Мора да биде јасно дека ова е само интервенција во кризата врз основа на моменталната ситуација, рече Ван дер Белен во изјава за АПА. Според него, […]

Лапид: Нема да чекам на изборите, веднаш ќе се зафатам со проблемите


Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид изјави дека нема да чека нови избори за да се справи со бројните предизвици и дека ќе се соочи со нив веднаш штом ќе ја преземе функцијата привремен премиер од актуелниот премиер Нафтали Бенет. -Треба да се справиме со трошоците за живот, да водиме кампања против Иран, Хамас […]

Качински поднесе оставка од потпретседател на полската Влада


Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка партија Право и правда, поднесе оставка на својата должност како потпретседател на Владата, јави денеска полската новинска агенција ПАП. – Во овој момент веќе не сум член на Владата… Поднесов оставка до премиерот и тој ја одобри, а колку што ми е познато, ја потпишал и претседателот, изјави Качински. […]

Макрон почнува консултации со политичките партии по губењето на апсолутното мнозинство во Парламентот


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска и утре ќе одржи серија состаноци со претставниците на политичките партии со цел да се дефинира стратегија која ќе биде во „интерес на Франција“, откако неговата коалиција Заедно го изгуби апсолутното мнозинство во Парламентот. Според извор во Елисејската палата, како што пренесуваат тамошни медиуми, „претседателот на Републиката е одлучен да […]

Данска и официјално се приклучи кон европската одбранбена политика


Данска денеска официјално ја информираше Европската унија дека одлучила да се приклучи на нејзината одбранбена политика. За време на церемонијата на примопредавање на писмата, на која Данска ја информира ЕУ за својата одлука, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел му кажал на својот дански колега Јепе Кофод дека Данците ја направиле Европа пообединета. -Европската унија […]