Талибанците бараат помош по силниот земјотрес


Талибанците апелираат меѓународната заедница да испрати помош во Авганистан по вчерашниот земјотрес со интензитет 6,1 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени. Не е познат бројот на затрупаните луѓе под урнатините, а спасувачките акции се попречени од обилниот дожд и недостиг на средства. Најпогодена од земјотресот е […]

Шестмина загинати при пад на хеликоптер во Западна Вирџинија


Хеликоптер користен за туристички летови се урна на автопат во Западна Вирџинија, притоа загинаа шест лица, јавија локални медиуми. Хеликоптерот бил опожарен кога на лице место стигнала спасувачката екипа. Се очекува патот да биде затворен 24 часа за време на истрагата на местото каде се случи трагедијата. Шефот на операции при Управата за итни случаи […]

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот


Досега, над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот на 24 февруари, соопштија од Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР). Станува збор за најнови податоци, објавени синоќа, јавија британски медиуми. 

САД се надеваат на позитивно решение за кандидатурите на Шведска и Финска за во НАТО


САД се надеваат дека наскоро ќе има позитивно решение за прашањата меѓу Турција, од една страна и Финска и Шведска, од друга, во врска со напорите на двете нордиски земји да се приклучат на НАТО, изјави главната дипломатка на Стејт департментот за Европа. Помошничката секретарка за Европа и евроазиски прашања, Карен Донфрид, зборувајќи на сослушувањето […]

Мајкрософт: Хакери во 42 земји кои ја поддржуваат Украина, работат за Русија


Американската информатичка компанија Мајкрософт денеска соопшти дека идентификувала „стратешка шпионажа“ на хакери кои работат за Русија во 42 земји кои ја поддржуваат Украина. Мета на хакерите се државни институции, аналитички центри, компании и хуманитарни организации. „Од почетокот на војната, таргетирањето (сојузникот на Украина) од страна на Русија беше успешно во 29 отсто од случаите. Руските […]

Руски хеликоптер навлезе во воздушниот простор на НАТО, Финска е подготвена за војна


Естонското Министерство за одбрана наведува дека руски хеликоптер Mi-8 минатата сабота на две минути влегол во областа на регионот Коидула, пренесува Business Insider. Тоа значи дека рускиот хеликоптер се нашол на територијата на НАТО. Кусти Салм, висок претставник на Министерството, рече дека Русија „симулира ракетни напади врз Естонија“ и додаде дека заканата за земјата е […]

Како украински камиказе дрон напаѓа рафинерија во Русија (Видео)


  Украински камиказе дрон денеска влета во голема рафинерија за нафта на руска територија, предизвикувајќи огромна експлозија на огнена топка. На снимката се гледа како беспилотното летало лета на ниска височина кон рафинеријата за нафта „Новошахтинск“ во Ростовската област, која граничи со Украина. На видеото потоа се гледа како дронот удира во рафинеријата за нафта, […]

Британско разузнавање: Половина од руските сепаратистички сили се убиени или ранети


  Русија и сепаратистичките сили поддржани од неа во регионот Донецк во Украина претрпеа големи загуби, според претставници на британското разузнавање. Тие проценуваат дека само донецката милиција изгубила 55 отсто од својата првобитна сила. Руските сили се фокусирани на освојување на целиот соседен Луганск, со цел да го опколат градот Лисичанск, велат украинските лидери. Регионалниот […]

(Видео) Авион во САД слета без тркала, се запали на пистата


  Авион со 126 луѓе во него се запали на пистата откако слета на аеродромот во Мајами, пишува Скај њус. Авионот на компанијата „Ред ер“ имал проблеми со предниот дел за слетување, а летал од Санто Доминго во Доминиканската Република. Close-up video of passengers getting off the plane | #ONLYinDADE pic.twitter.com/o3YyMU9mgx — ONLY in DADE […]

Израел го направи првиот чекор кон распуштање на Кнесетот


Израелските пратеници денеска го одобрија предлог-законот за распуштање на Кнесетот и одржување на предвремени парламентарни избори, кои ќе бидат петти за помалку од четири години. На пленарна седница пратениците се изјаснија за распуштање на Кнесетот. Сега предлог-законот ќе биде доставен на разгледување до соодветна парламентарна комисија, по што пратениците повторно ќе се изјаснуваат за самораспуштањето […]

Русија може да се повлече од ОБСЕ поради „блокирање на работата на руската делегација во ПС“


 На руската делегација ѝ беа одбиени визи за учесниците на 29. годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Бирмингем во периодот од 2 до 6 јули, јави ТАСС. Одлуката на Лондон да не ѝ издаде визи на руската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, ги прави резолуциите на Собранието нелигитимни за Русија, смета заменик […]

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес се искачи на 950 лица


Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кој во 1:30 часот по локално времего погоди денеска Авганистан. Како што јави Би-Би-Си, најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нангархар и Кост. Претходно заменикот министер за […]

На Украина не може да ѝ се помогне, тоа што таа го бара во ЕУ го нема


Австрискиот воен експерт Маркус Рајснер смета дека Европа не може да ги исполни барањата на Киев за вооружување со тешко оружје. Рајснер, за дневниот весник на јавниот сервис ОРФ, го наведе примерот со претседателот на Украина Володимир Зеленски кој од западните сојузници побарал 300 ракетни системи. -Толков висок број ракетни системи во моментов не постои […]

Стотици илјадници евакуирани и огромна материјална штета во поплавите во Кина


Стотици илјадници евакуирани, прекината настава, уништена жетва, оштетени патишта и сообраќај во застој се последиците од големите поплави и свлечиштата предизвикани од поројните дождови во неколку кинески провинции. Во јужната провинција е прекината наставата, канцелариската работа и јавниот превоз поради порастот на нивото на водата и опасноста од лизгање на земјиште. Во соседната провинција Џиангкси, […]

Над 280 загинати и 600 повредени во силниот земјотрес во Авганистан


Најмалку 280 луѓе загинаа, а над 600 се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, кој во 01.30 часот по локално време го погоди Авганистан, јави Би-Би-Си. Фотографии на социјалните мрежи покажуваат лизгање на земјиштето и уништени домови во источната провинција Пактика, каде што спасувачите се обидуваат да ги санираат повредените. […]

Германија подготвува план за вонредна ситуација поради гасот


Германската влада се подготвува да прогласи ситуација на тревога поради гасот, во согласност со националниот план за вонредни состојби. Државниот секретар во Министерството за економија и заштита на климата, Патрик Грајхен, ја подготвил енергетската индустрија за претстојниот чекор, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на кругови во енергетската индустрија. Министерството не ја потврди ниту негира информацијата […]

Гигантот „Гленкор“ призна дека корумпирал ширум Африка


 Британската подружница на меѓународната рударска компанија „Гленкор“ призна вина пред британски суд за корупција низ Африка. Компанијата беше обвинета за давање мито за пристап до сурова нафта, јави Бета. Британското Одделение за тешки измами соопшти дека „Гленкор“, преку своите вработени и други посредници, дала над 28 милиони долари, или 26,5 милиони евра, мито во Нигерија, […]

Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19


Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со АстраЗенека, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање. Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен, јави Би-би-си. Таа повикала брза помош на 13 […]

Основното училиште во Тексас, каде тинејџер уби 19 ученици и двајца учители, ќе биде урнато


Основното училиште во градот Увалде, Тексас, каде тинејџер уби 19 ученици и двајца наставници, ќе биде урнато, соопшти градоначалникот Дон Меклафин. Тој истакна дека никој не може да побара од дете или наставник кога и да е да се врати во тоа училиште, поради што ќе биде урнато. Сепак тој не прецизираше кога тоа ќе […]

Најмалку 255 загинати во силен земјотрес во Авганистан


Најмалку 255 лица загинале во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што во текот ноќта го погоди источен Авганистан, соопшти агенцијата Багхтар, пренесе ДПА Потресот со јачина од 6,2 степени рано утринава ги погоди густо населените делови на Пакистан и Авганистан, соопшти американскиот Геолошки завод (УСГС) Потресот погодил подрачје на околу 44 […]