Двајца убиени во пукотници во парк во Лос Анџелес


Две лица се убиени, а пет ранети во пукање што се случило во парк во Лос Анџелес, на место каде во неделата е одржана изложба на рачн изработени автомобили, соопштија американските власти.

Во нападот во Општината Сан Педро можно е да учествувале повеќе од едно лице и сѐ укажува на тоа дека почнало по кавга меѓу две групи луѓе, вели капетанот на полицијата на лос Анџелес, Кели Муниц.

Четворица ранети се пренесени во болница и се во критична состојба, наведува полицискиот командант.

Меѓу повредените се луѓе на возраст од три до 54 години. Миниц додава дека изложбата привлекла околу 500 луѓе.