ЕМА ја одобри вакцината за мајмунските сипаници


Европската агенција за лекови (ЕМА) објави во петокот дека ја одобрила вакцината против големите сипаници и за примена во превенцијата од мајмунските сипаници, болест којашто забрзано се шири и за којашто Светската здравствена организација (СЗО – WHO) би можела наскоро да објави максимално предупредување.

„Комисијата за лекови за хумана примена на ЕМА препорача дека антивирусната вакцина Imvanex да биде вклучена во заштитата на возрасните против мајмунски сипаници“, соопшти европскиот регулатор за лекови.

Се смета дека вакцинирањето против големите сипаници дава солидна заштита и од мајмунските сипаници, но е непознато колку долго трае таквата заштита по вакцинирањето.

Комисијата за лекови за хумана примена (CHMP) при Европската агенција за лекови (ЕМА) во јуни ја започна оцената на податоците за проширување на индикациите на вакцината „Imvanex“ за негова примена и заштита од мајмунски сипаници. Вакцината „Imvanex“, којашто ја произведува данската компанија „Bavarian Nordic“, во ЕУ е одобрена од 2013 година за превенција од големите сипаници.

Ситуацијата со мајмунските сипаници се влоши во светот последните седмици, и веќе во 71 земја сега има повеќе од 15.300 заразени, поред последните податоци на американската Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

Според информациите од регионалното биро на СЗО за Европа од минатата седмица, досегашните податоци покажуваат дека епидемијата во европскиот регион веќе била во тек кон средината на април. Станува збор за најголема и географски најраширената епидемија на мајмунските сипаници кога и да е забележана надвор од ендемските области во западна и во централна Африка.

На првиот состанок на 23-ти јуни, повеќето здравствени стручњаци му препорачаа на водството на СЗО да прогласи алармантна состојба со мајмунските сипаници на меѓународно ниво.

Првпат дијагностицирана кај човекот 1970 година, болеста мајмунски сипаници е помалку опасна и заразна од големите сипаници кои се сметаат за искоренети во 1980 година. Мајмунските сипаници го карактеризираат рани на кожата кои може да се јават и на гениталиите и на устата. Болеста ја следи треска, болно грло и болки во лимфните јазли како и исфрлање кое наликува на реакцијата при малите сипаници. Болеста обично минува самата од себеси, но може да биде и многу болна.

Оваа вакцина моментално е одобрена во Европската унија за превенција за зараза со големите сипаници кај возрасни лица. Содржи жива модифицирана форма на вирусот на вакцинија (според вакцина), болест предизвикана од намерна инфекција на луѓето со вирусот на вакцинија (Virus vacciniae), наречен „вакцинија Анкара“, кој е поврзан со вирусот на големите сипаници.

Меѓутоа, резервите на вакцината „Imvanex“ во ЕУ во моментов се многу ограничени. Оваа вакцина е одобрена и на пазарот во САД под називот „Junneos“, каде е одобрена за превенција од мајмунските, како и на големите сипаници.