Германскиот министер за здравство: Потребни ни се мерки за да спречиме нов бран наесен


 

Германскиот министер за здравство Карл Лотербах предупреди на „катастрофален“ нов бран коронавирус во Германија, ако пред есента не се договорат одговарачки мерки за сузбивање на Ковид-19.

„Ако влеземе во есента како што сме сега, значи без мерки, без ништи, тоа значи дека бројот заразени нагло ќе порасне, но и дека одделите на интензивна нега ќе бидат преоптоварени“, рече тој за ДПА, при посетата на Вашингтон.

Потребни ни се мерки, тоа е јасно…

Во исто време, продолжува Лотербах, и болничкиот персонал ќе биде болен, што ќе биде дополнително оптоварување за здравствениот систем. „Тоа е како свеќа која гори на двата краја“, оценува тој.

„Потребни ни се мерки, тоа е јасно… Не е прашање на расправа, ќе бидеме спремни“, рече Лотербах.

Не сакаше да навелгува во детали на какви мерки смета, велејќи дека тоа се доверливи преговори со останатите министерства, меѓу кои и министерството за правосудство.

„Законската основа на сегашните ограничувања против корона вирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш владата мора да одлучи за нови мерки“, рече Лотербах.