Полска купува воени авиони, тенкови, хаубици…


Полска ќе купи 48 борбени авиони FA-50, прва пратка од 180 тенкови K2 Black Panther и хаубици од јужна кореја, рече полскиот министер за одбрана, додека земјата ја зајакнува својата војска поради војната во Украина.

Инвазијата што почна на 24 февруари, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, предизвика загриженост за безбедноста на многу земји од поранешниот источен блок,а членката на НАТО Полска вети дека ќе ги зголеми финансиите за одбрана на 3 посто од БДП, и повеќе од војно ќе го зголеми брјот на војници за да може да одбие каков и да е напад.

„Оваа година ќе биде испорачана првата пратка и вкупно ќе има 180 (K2 Black Panther) тенкови од првата нарачка, а на крај тие тенкови ќе се проиведуваат во Полска“, изјави Мариуш Блажчак во интервју за интерјвуа за конзервативниот весник „Сиеци“ објавено на интернет.

Блажчак вели дека Полска исто така купи хаубици и борбени авиони FA-50 од Јужна Кореја.

„Заинтересирани сме за купување три ескадрили, односно 48 авиони“, рече тој. „Првиот авион би бил испорачан на Полска следната година. „Тенкот K2 Black Panther го произведува Hyundai Rotem, а борбениот авио FA-50 – Korea Aerospace Industries (KAI).