Гори научниот центар за хирургија во Москва


Пожар утринава избувна во објектот на Националниот истражувачки центар за хирургија Петровски во Москва и установата беше евакуирана, јавува агенцијата ТАС С, повикувајќи се на доверлив извор во Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација. Во извештајот на руската новинска агенција, се наведува дека Националната служба за вонредни состојби потврдила дека пожарот избувнал на 11-ти […]

Борел против целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ


  Белгија – Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел синоќа изјави дека целосната забрана за влез на Руси во Унијата „не е добра идеја“, по медиумските извештаи дека земјите-членки се подготвуваат да го суспендираат визниот договор со Москва. – Не сум за запирање на издавањето визи за сите Руси, изјави Борел во […]

Гроси: Тим експерти на МААЕ се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје


  Австрија– Тим експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје, што се наоѓа во јужниот дел на Украина, изјави генералниот директор Рафаел Гроси, јави ДПА. „Дојде денот, мисија за поддршка и помош на Запорожје, од страна на МААЕ, сега е во тек“, напиша тој на Твитер. Како што пишува […]

Медведев повторно лицитира со цената на гасот, сега вели ќе поскапи на 5.000 евра


До крајот на годината цената на гасот во Европа може да се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. Таква прогноза денеска објави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев. „Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра […]

На израелски лекар антиваксер одземена лиценцата за работа


На израелскиот лекар денеска трајно му беше одземена лиценцата за работа откако Окружниот суд во Ерусалим ја одби неговата жалба. Ари Авни ја обжали одлуката на Министерството за здравство да му ја одземе лиценцата во 2021 година, тврдејќи дека слободата на говор му дозволила да ги шири своите ставови. Тој пред судот изјави дека неговата […]

ЕУ ќе им го отежни издавањето визи на Русите


  Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе ја поддржат идејата за укинување на поедноставената процедура за издавање шенген визи за руските граѓани, пишува „Фајненшел тајмс“. Како што изјавија за весникот тројца функционери вклучени во преговорите на оваа тема, ова официјално ќе биде соопштено на дводневната средба на министрите за надворешни работи, што […]

Повторно гранати во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје


Руски ракетни и артилериски напади погодија градови и области во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје, соопштија денеска украинските власти. Гувернерот на Днепропетровската област Валентин Резниченко изјави дека делови од Никопол, поради силните ракетни напади во текот на ноќта, останале без електрична енергија. Во гранатирањето во Марханец оштетени се десет станбени објекти. Во градот […]

Белгија бара да се ограничат цените на енергијата на ниво на ЕУ


Белгискиот премиер Александар Де Кро најави дека ќе бара на ниво на ЕУ да се ограничи растот на цените на струјата и гасот, кои достигнуваат досега незамисливи нивоа низ Европа. „Јас бев еден од првите што кажав дека не можеме да продолжиме да го решаваме проблемот со цените со намалување на даноците, туку тие да […]

Единбург се „дави“ во ѓубре поради штрајк на комуналните компании


На улиците на главниот град на Шкотска, Единбург, се трупаат купишта ѓубре поради штрајкот на компаниите за ѓубре што трае повеќе од една недела. Здравствените власти предупредија дека постои закана за јавното здравје. Тие ги предупредија локалните власти дека доколку продолжи акумулацијата на отпад, тоа ќе стане ризик за здравјето на луѓето и ќе треба […]

Тројца загинати во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во луѓе собрани на скара


Неколку лица загинаа, а неколку се повредени во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во поголема група луѓе кои се собрале на скара во соседството, пренесоа светските агенции. Според холандското радио НОС, три лица загинале. Несреќата се случила во селото Њу Бејерленд, недалеку од Ротердам. Германската агенција ДПА јави дека во спасувањето на […]

Тројца холандски командоси ранети во пукање пред хотел во САД


Тројца холандски командоси на вежби во САД се ранети во престрелка пред нивниот хотел во Индијанаполис, соопшти холандското Министерство за одбрана. „Еден од командосите е во критична состојба“, се вели во соопштението, во кое се додава дека локалната полиција го истражува инцидентот и дека нема уапсени. Полицијата во Индијанаполис соопшти дека пукањето се случило околу […]

Американски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец, првпат по посетата на Пелоси


Два воени брода на американската морнарица пловат низ меѓународните води во Тајванскиот теснец, изјавија тројца американски претставници. Тоа е прва таква операција по засилените тензии со Кина поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван. Во последниве години, американските воени бродови, а повремено и сојузничките земји како Велика Британија и […]

Илјадници Аргентинци на улиците за поддршка на потпретседателката Фернандез де Киршнер


  Илјадници следбеници на поранешната претседателка на Аргентина и актуелен потпретседател Кристина Фернандез де Киршнер синоќа излегоа на улиците во знак на поддршка, откако двајца обвинители побараа таа да биде осудена на 12 години затвор и забрана за вршење јавна функција поради наводна корупција за време на нејзината влада. Обвинителите претходно оваа недела ја обвинија […]

Соседите на Словачка ќе патролираат на нејзиното небо, ослободувајќи МИГ за Украина


Словачка денеска потпиша договор според кој членките на НАТО, Чешка и Полска, ќе го надгледуваат нејзиното небо, додека Братислава ги укинува своите советски МиГ-29, потенцијално ослободувајќи ги за Украина. Словачка соопшти дека е подготвена да испрати 11 ловци МиГ во Украина, чија војска долго време се потпира на опрема од советската ера. Украина повика на […]

Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ. „Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија. […]

Брисел: Возачот на комбе кој се залета во локали обвинет за обид за убиство


Возачот на комбето коешто во петокот се залета во тераса на кафуле и ресторан на брза храна во центарот белгиската престолнина Брисел, ќе биде обвинет за обид за убиство, јавува новинската агенција Belga. Белгиското државно обвинителство во саботата го потврди обвинението, но одби да го коментира идентитетот на обвинетиот маж. Белгиската полиција во петокот во […]

Пакистан бара помош за справување со поплавите, 30 милиони луѓе во опасност


Поројните поплави низ Пакистан однесоа речиси илјада животи од почетокот на јуни, соопшти денеска владата во Исламабад. Околу 30 милиони луѓе се во опасност да останат без засолниште бидејќи монсунските дождови не покажуваат знаци на намалување. Премиерот Шахбаз Шариф побара помош од меѓународната заедница за справување со штетите од поплавите. Портпаролот на Министерството за надворешни […]

Три тела извлечени од урнатини во Стаханов по украинско гранатирање


Три тела се извлечени од под урнатини во поранешен хотел претворен во болница за евакуираните лица од териториите кои преминаа под контрола на проруските бунтовници како резултат на гранатирање од страна на украинската војска врз градот Стаханов, објавија во саботата медицински извори во овој град во самопрогласената Народна Република Луганск на југоистокот на Украина. Претходно […]

Британија ќе ѝ даде подводни дронови на Украина


Британското министерство за одбрана соопшти дека ќе ѝ даде на Украина шест подводни беспилотни летала кои ќе ѝ помогнат да го исчисти брегот од мини. Тоа ќе овозможи побезбедна испорака на жито, пренесува „Ројтерс“. Велика Британија, исто така, ќе обучи десетици припадници на украинската морнарица за користење беспилотни летала, се вели во соопштението на Министерството. […]

Зеленски: Извезени се милион тони жито


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море. Ова го изјави Зеленски во петокот доцна навечер, за време на неговото редовно ноќно обраќање. „Од првиот ден на август 44 бродови со украинско жито испловија од нашите пристаништа во 15 земји. Севкупно се работи за милион тони производи. […]