Низ Белогород шетаат поразени војници, одекнуваат детонации
Додека мнозинството граѓани на Русија се несвесни за реалноста со војната во Украина, еден руски град не може да престане да зборува за случувањата преку границата.
Се работи за Белогород, кој се наоша на четириесетина километрки од границата со Украина, а кој ове денови е полн со руски војници кои побегнале од војната со Украина, од областа Харков, како и Руси и проруски настроени Украинци кои ги дочекаа руските окупатори со отворени раце кога почна инвазијата на Украина.
Сега многумина побегнаа од страв за својот живот и својата слобода, а нивните искуства се прераскажѕваат во рускиот град околу кој секој ден може да се слушнат детонации.
Како што јавуваат репортерките од „Вол стрит џурнал“ и „Њујорк тајм“, во градот често може да се видат воени камиони и оклопни возила со знакот „Z”, уморни војници во униформи кои купуваат топла долна облека и друга опрема за да можат да презимат во месеците кои доаѓаат.
Освен поразени војници кои бегаат од украинските сили, кои во градот донесоа приказни за поразот, тешката состојба на бојното поле и хаосот во организацијата на руската војска, градот е болно свесен за војната во близина и поради редовното делување на противвоздушната одбрана во неговите предградија.
Граѓаните може да чујат проектили во далечината, експлозии, а во најјужната населба повремено паѓаат и остатоци од уништено оружје.
На војниците кои побегнале преку граница за сега им е речено дека следна задача ќе им биде само да ја чуваат границата. „Би не опколиле доколку не заминевме на време“, откри еден од војниците пред новинарките. „Украинците сега имаат многу повеќе опрема.“
Иако многу грашани се незадоволни со развојот на настаните на бојното поле, за неуспехот на руската војска ги обвинуваат воените команданти, а не Владимир Путин. Многумина и понатаму ја поддржуваат неговата одлука да почне со инвазијата. „не може толку наши момчиња да загинаа залудно“, вели за „Вол стрит џурнал“ една продавачка на пазат во Белогород.