Казахстан ги ограничи претседателите на еден мандат од седум години

Главниот град повторно си го враќа името Астана откако три години се нарекуваше Нур Султан


Астана

 

Парламентот на Казахстан на заедничката седница на двата дома усвои во две читања закон за измени на Уставот на земјата. Документот едногласно го поддржаа сите 50 сенатори и 99 пратеници на парламантот присутни на седницата, пишува Интерфакс. Законот усвоен од парламентот ќе биде испратен на потпис до претседателот на Казахстан.

Со усвоените измени се предвидува:

  • претседателскиот мандат во Казахстан ќе се зголеми од пет на седум години, но претседателот нема да може да биде реизбран по втор мандат;
  • Нур Султан, главниот град на земјата, ќе си го врати своето поранешно име – Астана.

Пратениците истакнаа дека народот на Казахстан не ги негира заслугите на првиот претседател на земјата, Нурсултан Назарбаев, во зајакнувањето на државноста.

Во септември, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев предложи предвремени претседателски избори да се одржат есента 2022 година. Тој исто така презеде иницијатива за продолжување на претседателскиот мандат на седум години. Токаев го поддржа предлогот на пратениците, кои се залагаа за преименување на Нур Султан во Астана.

Астана беше преименувана во Нур Султан во март 2019 година, откако Касим-Жомарт Токаев излезе со таква иницијатива.