Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти


Најмалку 11 лица го загубија животот на Мадагаскар кога полицијата отвори оган врз демонстранти, кои бараа од властите да им предадат четворица осомничени за киднапирање дете со албинизам и убиство на мајка. Околу 400 незадоволни граѓани се собраа пред полициската станица барајќи да се пуштат осомничените за да се пресметаат со нив. Полицијата одби и […]

На Пакистан ќе му бидат потребни повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите од поплавите


  Пакистан – На Пакистан ќе му требаат повеќе од 10 милијарди долари за санирање на штетите предизвикани од поплавите од монсунските дождови и за обнова на оштетената инфраструктура, изјави денеска министерот за планирање и развој Ахсан Икбал.   „Нанесена е огромна штета на инфраструктурата, особено во телекомуникациите, патиштата, земјоделството и средствата за живот“, рече Икбал. […]

Лиз Трас го откажа договореното интервју за Би-Би-Си бидејќи „немала доволно време”


  Англија– Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворит во трката да го замени Борис Џонсон на чело на владејачката Конзервативна партија и на премиерската функција, го откажа интервјуто за Би-Би-Си со образложение дека не можела да „одвои доволно време“, јави ДПА. Интервјуто требаше да го води политичкиот новинар, ветеранот Ник Робинсон. Би-Би-Си […]

Џил Бајден негативна на тестот за Ковид-19


  САД – Првата дама на САД Џил Бајден е негативна на тестот за Ковид-19 и ќе се врати од Делавер во Вашингтон, изјави портпаролот. Џил Бајден (71) беше позитивна на Ковид-19 на 16 август. Таа ја заврши првата изолација по третманот со антивирусниот лек Паксловид, кој се покажа како високо ефикасен во спречувањето на тешка […]

МААЕ: Иран почна да збогатува ураниум во Натанц


 Иран почна да збогатува ураниум во една од трите каскади на усовршени центрифуги ИР-6, што неодамна беа инсталирани во подземната постројка за збогатување гориво во Натанц, се наведува во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) испратен до земјите-членки. Во доверливиот извештај се истакнува дека Иран користи каскада од 174 машини за збогатување […]

Украина ја почна контраофанзивата на југот околу Херсон


  Војската на Украина тврди дека ја пробила првата линија на одбрана на Русија во окупираната област Херсон. Пријавениот пробив се чини дека е дел од долгоочекуваната офанзива што ја започна Киев во обид да го врати југот на земјата. Тоа уследи по неколкунеделни украински напади со цел да ги отсечат руските сили таму од […]

Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата


Норвешка– Норвешка со две милијарди круни (околу 205 милиони евра) ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за претстојната зима, најави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. – Како резултат на војната, Украина има итна потреба од надворешна поддршка. Украина побара од Норвешка да преземе водечка улога за да гарантира пристап до енергија. Ние […]

Голема промена во Ирак: Моќниот Моктада ал Садр се повлече од политиката


  Една од најмоќните фигури во Ирак, која беше во центарот на долгата криза околу формирањето влада, рече дека се повлекува од политичкиот живот. Моктада ал Садр, шиитски свештеник со милиони следбеници, ја објави својата одлука на Твитер. Стотици негови приврзаници со недели се кампуваат пред парламентот, откако двапати упаднаа во него во знак на […]

Што би требало да знаете за мисијата на НАСА – „Артемис 1“


  Џиновската ракета на НАСА „Систем за вселенско лансирање“ (СЛС) треба денеска да тргне пат до Месечината, мисија што американската вселенска агенција вели дека ќе ги постави темелите за долгорочно присуство на површината на Месечината. Мисијата „Артемис 1“ е пробен лет од огромно значење. Лансирањето, закажано за понеделник за време на двочасовен прозорец со почеток […]

Украински трупи навлегоа во руските линии на фронтот во Херсон


 Украинските трупи навлегоа во руските линии на фронтот во јужниот регион Херсон, јави ДПА, пренесувајќи украински медиуми. – Вооружените сили на Украина започнаа офанзивни операции во повеќе делови на јужниот дел од Украина, изјави Наталија Хуменјук, портпаролка на украинските јужни одбранбени сили. Сепаратистичките единици на Доњецк и руските маринци кои ги поддржувале, наводно, биле принудени […]

Европските договори „не се исклесани во камен“, вели Шолц


  Нападот на Русија врз Украина е пресуден момент кој веројатно ќе ја промени Европската унија на значителни начини: германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека сака погеополитичка унија, значително проширување на блокот и длабоки реформи на нејзините институции. Во говорот од повеќе од 50 минути на Карловиот универзитет во Прага во понеделникот (29 август), речиси […]

Шојгу е „тргнат настрана“ и исмеан, тврди британското разузнавање


  Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу е „тргнат настрана“ поради проблемите во војната против Украина и најверојатно е исмеан од војниците поради неговото „неефикасно“ раководство, соопштија британските разузнавачи. Последното ажурирање од Министерството за одбрана вели: „Неодамнешните независни руски медиуми тврдат дека поради проблемите со кои се соочува Русија во војната против Украина, рускиот министер […]

Бајден: Републиканците кои се со Трамп преминале во полуфашизам 


Во жесток кампањски говор викендов за среднорочните избори во ноември, претседателот Џо Бајден искажа остри критики до опозиционерите. За движењето во Републиканска партија кое го поддржува поранешниот претседател Доналд Трамп рече дека преминало во полуфашизам.  Во говорот во средно училиште во Роквил, Мериленд, претседателот ги повика демократите, независните и умерените републиканци да „се спаси Америка“, […]

Шолц: Европа мора да се спротивстави на заканата од нео-империјалистичката автократија


 Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржа говор во Карловиот универзитет во Прага, при што се осврна на предизвиците со кои се соочува Европа во контекст на војната во Украина. – Во моментов, уште еднаш се прашуваме каде ќе се протега линијата на поделба меѓу оваа слободна Европа и нео-империјалистичката автократија во иднина, рече тој, пренесува […]

Талибанците постигнале договор со Русија, Авганистан добива гас и нафта


  Претставниците на Авганистан и Руската Федерација се договорија за договори за купување нафта и гас, а договорот наскоро треба да биде парафиран, соопшти Министерството за трговија и индустрија на Авганистан, пренесе индиски . Според министерот за трговија Нурудин Азизи, страните постигнале договор за трансфер на нафта од Русија во Авганистан, а целиот процес бил […]

Се очекуваат големи поплави во Мисисипи


Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс прогласи вонредна состојба пред очекуваните „големи поплави“, што значи водени токови со ниво од седум метри. Се проценува дека нов бран поплави во некои области може да достигне и ниво на водата од над 10 метри. – Доколку предвидувањата се покажат како точни, се очекува максималниот бран поплави на реката […]

Суспендирани двајца пилоти на Ер Франс поради тепачка во пилотската кабина


Двајца пилоти на Ер Франс се суспендирани по физичка пресметка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави претставник на Ер Франс. Летот продолжи и авионот безбедно слета, а спорот не влијаеше на остатокот од летот, рече официјалниот претставник, нагласувајќи ја посветеноста на авиокомпанијата за безбедност. Швајцарскиот весник „Трибјун“ објави дека пилотот и копилотот […]

Новозеландскиот војник што загина во Украина може нема да биде вратен дома


 Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн призна дека телото на новозеландскиот војник, кој загина бранејќи ја Украина, можеби никогаш нема да биде вратено дома. Дваесет и осумгодишниот Доминик Абелен бил на неплателно отсуство кога отпатувал за Украина со цел да се придружи во одбрана на земјата. За овој чекор не известил никого, па ни своето […]

Гутереш: Од целосно уништување не делат само едно недоразбирање и една погрешна проценка


Нуклеарното оружје мора да замине во историјата бидејќи не гарантира безбедност, туку носи само уништување, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. – Нашиот свет доволно долго беше заложник на нуклеарно оружје. Овие уреди на смртта не гарантираат победа или безбедност. Според дизајнот, нивниот единствен резултат е уништување. Да обезбедиме крај на тестирањето засекогаш и да го […]

Русите го обновуваат театарот во Мариупол, сакаат да го скријат злосторството


  Руските сили го обновуваат театарот во Мариупол во Украина за да ги прикријат воените злосторства, вели советник на градоначалникот на тој град. Петро Андрушченко рече дека Русите го обновувааѕ театарот под велот на реконструкција заради историска вредност. „Окупаторите го кријат своето воено злосторство. Се брзаат со реконструкцијата за да ги прикријат сите докази и […]