(Видео) Дејвид Бекам чекаше 13 часа во редот да се прости од кралицата Елизабета


 

Редот граѓани кои чекаат да ѝ оддадат чест на починатата кралица Елизабета Втора во Вестминстер во Лондон и понатаму е близу вкупниот капацитет со очекувано време на чекање од 24 часа, според владината програма за следење на редовите во живо.

На граѓаните им се советува да не патуваат за да се придружат во редот.

Лондонските служби за итна помош апелираа луѓето да понесат лекови доколку примаат одредена терапија и соодветна облека додека чекаат во редот. Исто така, службата вели дека е важно да се обезбедат редовни оброци и течности во доволни количини.

И фудбалерот Дејвид Бекам чекаше ред со останатите граѓани кои сакаат да се простат од кралицата, па по 13 часа и тој стигна на ред.