И индискиот премиер му откажа „љубов“ на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин наиде на уште еден дипломатски неуспех од наводниот пријател во петокот, кога индискиот лидер отворено ја критикуваше неговата војна против Украина дека потекнува од друга доба.

„Знам дека денешната ера не е ера на војна“, му рече индискиот премиер Нарендра Моди на Путин на состанокот во Самарканд, Узбекистан. „Ние сме разговарале со вас многу пати претходно по телефон за ова, дека демократијата, дипломатијата и дијалогот – овие работи му помагаат на светот. Во наредните денови ќе имаме можност да разговараме за тоа како да продолжиме на патот кон мирот, исто така ќе имам шанса подобро да го разберам вашето гледиште“, рекол Моди.

Неодобрувањето на Моди дојде само еден ден откако Путин јавно призна дека кинескиот претседател Си Џинпинг има „прашања“ и „загриженост“ во врска со војната.

Во исто време на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како Путин, кој беше познат по тоа дека им доцни на средби на лидерите, сега доѓа порано – и ги чека.