Вториот човек на руската власт во Бердијанск убиен заедно со неговата сопруга


 

Сепаратистичката власт во Бердијанск, поддржана од Русија, во петокот го обвини Киев за убиство на заменик-шефот на военo-цивилнаta администрација, кој ја предводеше градската територијална изборна комисија за референдумот за приклучување кон Русија, објави градската администрација на Телеграм. Убиена е и неговата сопруга.

Градската управа не соопшти детали за тоа како Олег Бојко и неговата сопруга Људмила Бојко се убиени во нивната гаража во Бердијанск, која се наоѓа во областа Запорожје на југот на Украина. Но, градската администрација ги опиша убиствата како „двојно убиство“.

„Ова страшно злосторство нема да остане неказнето и неодговорено“, се вели во објавата.

За само неколку час најмалку петмина функционери инсталирани од Русија се убиени во окупираната територија, стотици километри еден од друг. Во Луганск беше убиен главниот обвинител на сепаратистичкиот регион и уште едно лице, во Керсон едно лице и сопружниците Бојков во Бердијанск. Украина не презеде одговорност за ниту еден од нападите.