Со бомба убиен главниот обвинител на сепаратистичкиот регион Луганск

Бомбата била поставена во неговата канцеларија во центарот на Луганск


Обвинителот Сергеј Горенко

 

Експлозија се случи во зградата на Јавното обвинителство на самопрогласената Луганска Народна Република во центарот на Луганск.

ТАСС објави, цитирајќи извор, дека епицентарот на експлозијата бил во канцеларијата на јавниот обвинител на ЛПР, Сергеј Горенко. Ова го изјавил и претставникот на таканаречената народна милиција.

Заедно со Горенко загинала и заменичката главен обвинител Екатерина Стегленко.

Експлозијата се случила околу 11:30 часот, изјави Андреј Марочко. Тој објави видео снимено од обвинителството на кое се гледаат оштетени прозорци на третиот кат од зградата. Според службите за итни случаи, цитирани од Интерфакс, импровизирана експлозивна направа експлодирала во канцеларијата на јавниот обвинител.

Претходно, на 16 септември, околу 11 часот, се случи експлозија во центарот на окупираниот Херсон. Властите на окупираната територија на Херсонската област назначени од Русија соопштија дека вооружените сили на Украина извршиле ракетен напад со американскиот лансер Химарс врз зградата на регионалната администрација. Според информациите, едно лице загинало, а неколку се повредени.