Трас: Ако успее Путин ќе има невидена беда низ Европа


Шефицата на британската дипломатијата Лиз Трас, која е и фаворит за наследник на Борис Џонсон, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи рускиот гас за да го држи во заложништво целиот свет, пренесува МИА. На новинарско прашање дали таа верува дека „Владимир Путин практично го држи остатокот од светот како заложник со драстичното намалување на […]

Италија: Џорџија Мелони на чекор поблиску до премерската фотелја


  Лидерката на екстремната десница Џорџија Мелони се приближи чекор поблиску до тоа да стане иден премиер на Италија во средата, откако нејзината десничарска коалиција постигна договор со кој партијата со најголем дел од гласовите на претстојните избори ќе ја добие главната функција. Десничарската алијанса составена од Браќа на Италија на Мелони, Форца Италија на […]

За четири асимптоматски случаи на ковид Кина заклучи кварт од еден милион луѓе во Вухан


  Кинеската метропола Вухан затвори област од речиси милион луѓе откако откри четири асимптоматски случаи на ковид, бидејќи оригиналниот епицентар на пандемијата не сака да има никакви шанси за нова епидемија според строгата политика на Кина за нулта ковид. Властите во областа Џијангсија во Вухан, дом на повеќе од 970.000 луѓе, во средата објавија дека […]

Русија го ракетираше регионот на Киев


  Во раните утрински часови на 28 јули, руските војници истрелаа ракети врз областа Вишегородската област во регионот на Киев, како и врз територијата на регионот Чернихив. Во областа Вишегородски, рече шефот на регионалната полиција, Александар Кулеба, е оштетен „инфраструктурен објект“, нема податоци за загинати и ранети. Во регионот Чернихив, изјави шефот на регионот Александар […]

Во Австрија двојно повеќе молби за добивање азил


  Aвстрија – Од јануари до јуни во Австрија вкупно 31.050 луѓе поднеле барање за азил, а најголемиот број од нив се државјани на Авганистан, со 7.325 апликации. Во истиот период минатата година австриските власти добиле 10.876 барања за азил. По Авганистанците, на второ место по бројот на барања за азил се Сиријците (6.680), Тунижаните (3.810), Пакистанците (3.110) и Индијците […]

Британски советник: Светот беше побезбеден за време на Студената војна


САД– Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна бидејќи не разговара доволно со Русија и Кина, изјави британскиот советник за национална безбедност Стивен Лавгроув. Според него, светските суперсили подобро се разбирале за време на Студената војна и дека недостатокот на дијалог ја зголемил можноста за погрешна пресметка, пренесе „Би-Би-Си“. Тој додаде дека сме во „нова […]

Во САД наскоро ќе бидат дистрибуирани околу 800.000 вакцини против мајмунски сипаници


  САД– Американската агенција за храна и лекови (ФДА) денеска објави дека околу 800.000 дози вакцина против мајмунски сипаници наскоро ќе бидат достапни за дистрибуција. ФДА соопшти дека процесот на сертификација е завршен и дозите од вакцини веќе пристигнале во САД. Агенцијата пред околу две недели соопшти дека извршила увид во објект во Данска каде […]

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба


Шпанија – Шпанската влада синоќа соопшти дека ќе побара од Европскиот парламент да ја разгледа можноста за употреба на каталонскиот, кој, доколку предлогот помине, ќе стане првиот европски регионален јазик во официјална употреба во таа европска институција. Мадрид ќе претстави „технички и финансиски изводлив“ предлог до комисијата на ЕП во Брисел и ќе работи заедно […]

Во САД четврти пациент излечен од ХИВ, се заразил во 80-тите


Американски лекари ја информираа јавноста дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван, што е четврти ваков познат случај. На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ. […]

САД: Шестгодишно момче со пиштол ја уби помладата сестричка


  Шестгодишно момче синоќа ја усмрти својата петгодишна сестричка, со пиштол, во нивната куќа во сојузната американска држава Индијабна, а родителите се уапсени, соопшти полицијата. Екипата за итна помош го нашла девојчето со рана од куршум во главата во семејната куќа во Манси, 100 км североисточно од Индијанаполис, пренесе АП. Таа е префрлена во Ургентниот […]

Федералните резерви со ново зголемување на каматните стапки за да се „олади“ економијата на САД


Федералните резерви на САД се очекува утре повторно да ги зголемат каматните стапки во обид на „оладување“ на економијата на земјата и справување со растечката инфлација.  Набљудувачите велат дека Централната банка најверојатно ќе објави за три четвртини од еден процентен поен зголемени каматните стапки. Очекуваното зголемување на стапките би било слично на она од минатиот […]

СЗО: Во 78 земји во светот евидентирани над 18 илјади случаи на мајмунски сипаници


 Повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници се пријавени во 78 земји во светот, од кои повеќето во Европа, објави денеска Светската здравствена организација. СЗО во саботата ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за вонредна состојба која предизвикува меѓународна загриженост“. Во денешното соопштението на здравствената организација се наведува дека досега, меѓу евидентираните случаи, во 98 […]

Макрон: Русија почна нов вид хибридна војна


  Франсуцкиот претседател Емануел Макрон денеска во Бенин рече дека Русија е една од послените колонијални империјални сили откако почна војна во Украина. „Русија почна офанзива против Украина, тоа е војна за територија за која мислевме дека исчезна од европското тло“, рече Макрон на прес-конференција со својот колега од Бенин, Патрис Талон. „Русја е една […]

Лавров: Храната не поскапе поради војната, туку затоа што Западот складираше храна за време на пандемијата


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при посетата на Африка зборуваше за глобалното поскапување на храната, за што ги обвини САД и Европската унија. Зборувајќи пред африканските дипломати во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, Лавров кризата со храна ја нарече „таканаречена“. Тој ја даде изјавата по посетата на неколку африкански земји најпогодени од […]

По два негативни теста заврши изолацијата на Бајден за Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден денеска  заврши со изолацијата на Ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа. Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми“. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус. […]

ЕУ е „епицентар на откриените случаи“ на мајмунски сипаници, предупредува Киријакидес


Земјите-членки на ЕУ мора да го засилат својот одговор на избувнувањето на вирусот на мајмунски сипаници, порача еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес во писмото во кое денеска имаше увид ДПА. Во писмото до министрите за здравство на ЕУ, Киријакидес повика на поголема соработка за решавање на глобалната здравствена ситуација „каде што Европската Унија е епицентарот […]

Украинците потпишуваат петиција, го сакаат Борис Џонсон за премиер


 Петицијата за да му се даде украинско државјанство на британскиот премиер во заминување Борис Џонсон и да биде премиер на земјата, собра над 2.500 потписи неколку часа откако беше поставена на официјалната страница за петиции на Украина во вторникот (26-ти јули). И покрај тоа што ја изгуби домашната популарност и на крајот беше принуден да […]

Украинскиот парламент го избра Андриј Костин за јавен обвинител


Врховната Рада – Парламентот на Украина го одобри назначувањето на Андриј Костин за јавен обвинител на земјата, објави Укринформ. Предлогот за негово именување на оваа функција утрово го поднесе шефот на државата Володимир Зеленски. Одлуката е усвоена со гласовите на 299 пратеници од вкупно 450, прецизираше на Телеграм Јулија Паличук, прес-секретар на претседателската партиска група […]

Руските сили по грешка соборија свој хеликоптер


  Руските инвазиски сили соборија свој хеликоптер во Украина, откако тој по грешка почна да пука врз сопствените војници. Хеликоптерот „Ка-52 алигатор“, кој чини околу 14 милиони евра, бил соборен во Керсон, откри украинскиот Генералштаб. Воените шефови се пошегуваа дека тоа е „гест на добра волја“ од напаѓачите. Тие објавија дека три хеликоптери прелетале над […]

Украинските сили пак го ракетираа главниот мост во Керсон за да ја отсечат руската армија (Видео)


  Украинските власти потврдија дополнителен напад на клучниот мост што се користи за зајакнување и снабдување на окупаторските руски сили во јужна Украина Повеќекратните видеа на социјалните мрежи објавени во вторникот вечерта покажаа неколку големи детонации во близина на мостот Антонивски – главниот премин на реката Днепар во регионот Керсон, кој во суштина ја поврзува […]