Што е делумна воена мобилизација?


Руски војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави делумна воена мобилизација. Путин, кој ѝ се обрати на нацијата во средата наутро, на почетокот на својот говор рече дека Западот „сака да ја уништи нашата земја“ и дека „се работи за одбрана на Русија и територијата на Донбас“. Тој рече дека Русија го поддржува тоа население и нема право да го напушти.

Што е делумна воена мобилизација?

Делумна воена мобилизација е термин кој се користи практично насекаде низ светот, но може да се разликува од земја до земја во некои аспекти.

Во случајот со Русија, исто како што рече Путин, делумната воена мобилизација значи дека резервистите ќе бидат повикани во армијата. И тој процес започнува веднаш. Под резервисти се подразбираат резервни припадници на армијата. Во поширока смисла, се работи за лица кои го завршиле воениот рок.

Во Русија, воената служба се уште е официјално задолжителна и трае 12 месеци. Тоа е задолжително за сите машки жители на возраст меѓу 18 и 27 години. Избегнувањето на воениот рок се казнува со затвор до две години. Но, постојат различни начини легално да се избегне воената служба.
Шојгу рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти од 25 милиони, како што рече, Русија ги има на располагање.

Законите се сменија вчера

Најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација дојде откако долниот дом на московскиот парламент, Државната дума, во вторникот ги измени законите за воена служба за да ги заостри казните за прекршување на воената служба – како што се дезертирање и затајување, јавува Си-Ен-Ен.

Предлог-законот предвидува затворска казна до 15 години за избегнување служење или кршење на службена воена наредба. Пратениците на Државната дума и сенаторите подготвија и измени на кривичниот закон со кои се предлага затворска казна до пет години за уништување или невнимателно оштетување на оружје и воена опрема за време на војната, објави државната новинска агенција РИА Новости.

Иако најавата на Путин во средата не претставува целосна воена мобилизација, како што некои предвидуваа, таа означува значителна промена во конфликтот и и дава на Русија широки овластувања да регрутира свои граѓани со претходно воено искуство. (Индекс.хр)