Русија: За одбивање на мобилизацијата до 10 години затвор


Советот на федерацијата на Русија

 

Рускиот Совет на федерацијата одобри закон за построга казна за злосторствата против воената служба за време на периодот на мобилизација и во контекст на вооружен конфликт, како и за воведување кривични казни за доброволно предавање и грабеж.

Законот, особено, ја заострува казната за неовластено напуштање на единицата, непочитување на наредбата и дезертирање во периодот на мобилизација.

За одбивање да учествува во непријателства, законот предвидува затворска казна до три години, а ако таквото одбивање повлекува „сериозни последици“ – до 10 години. Истиот рок – 10 години – е предвиден за неизвршување на налогот.

Законот беше итно усвоен од Думата на 20 септември, во пресрет на најавата за делумна мобилизација во Русија. По одобрението од Советот на федерацијата, тој ќе оди на потпис кај Владимир Путин.