Сите летови од Русија распродадени за неколку минути по објавата за мобилизација
Речиси сите летови надвор од Русија беа распродадени само неколку часа откако Владимир Путин прогласи делумна мобилизација на резервистите.
Податоците на Google Trends покажаа скок во пребарувањата за Aviasales, најпопуларната руска веб-страница за купување летови, откако најавата на Путин предизвика стравувања дека на некои мажи во борбена возраст нема да им биде дозволено да ја напуштат земјата.
Летовите од Москва до главните градови на Грузија, Турција и Ерменија, сите дестинации што им дозволуваат на Русите да влезат без виза, биле распродадени за неколку минути по објавувањето на Путин, според податоците на Aviasales.
За неколку часа, директните летови од Москва до Азербејџан, Казахстан, Узбекистан и Киргистан исто така престанаа да се појавуваат на веб-страницата. Некои рути со прекачување, вклучително и од Москва до Тбилиси, исто така беа недостапни.
Најевтините летови од Москва до Дубаи чинеле повеќе од 300.000 рубли (4.500 евра) – околу пет пати повеќе од просечната месечна плата.