САД ќе му скратат на Египет 130 милиони долари од помошта поради кршење на човекови права
Владата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да скрати 130 милиони долари воена помош за Египет поради неуспех на земјата на полето на заштита на човековите права. Ова го потврдија американски официјални лица, со тоа што Владата во Каиро сепак ќе добие одреден дел од американскиот пакет помош поради намалување на бројот на политички затвореници. […]