„Нова надеж“ – Зеленски го вклучи Лук Скајвокер да ѝ помогне на Украина

„Светлината ќе победи над темнината“ му рече Зеленски на актерот Марк Хамил од „Војната на ѕвездите“


Марк Хамил

 

Лук Скајвокер – т.е., Марк Хамил, актерот што го игра во „Војна на ѕвездите“ – е именуван за амбасадор на проектот за собирање средства што го води украинската влада.

Хамил ќе биде амбасадор на проектот „Армија на дронови“, се наведува на официјалната веб-страница на украинскиот претседател.

Проектот вклучува набавка и одржување на дронови, како и обука на пилоти со беспилотни летала кои се користат за следење на линијата на фронтот, се наведува на веб-страницата на проектот.

„Светлината ќе победи над темнината. Јас верувам во ова, нашиот народ верува во ова“, му рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот актер во видео конференција, заблагодарувајќи му за поддршката од украинскиот народ.

Хамил твитна во четвртокот вечерта дека е „почестен“ што ја добил улогата. Тој исто така рече дека „На Украинците им требаат беспилотни летала за да ја заштитат нивната земја, нивната слобода и вредностите на целиот демократски свет“.

„Армијата на беспилотни летала“ е заедничко вложување на украинските вооружени сили, Министерството за дигитална трансформација и платформата за собирање средства UNITED24. Таа беше инициран од Зеленски и собра повеќе од 180 милиони долари.

Други познати личности – вклучително и бендот Imagine Dragons и пејачката и актерка Барбра Стрејсенд – исто така беа именувани за амбасадори на платформата.